+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РМ број 241 од 2018 година објавен е Законот за данок на личен доход кој започнува да се применува од 1 јануари 2019 година. Со денот на започнувањето на примената на овој …

Од страна на Владата на Република Македонија усвоен е текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка и истиот е доставен до Собранието на РМ на негово усвојување. Со кликнување на повеќе може да го преземете текстот на Предлог Законот кој е доставен до Собранието на РМ за усвојување и пречистен текст со овие предложени измени и дополнувања на Законот за данок на добивка…

Собранието на Република Македонија на својата 66 седница чие продолжение беше одржано на 24.12.2018 година го изгласа Законот за данок на личен доход. Согласно преодните одредби, Законот за данок на личен доход ќе започне да се применува од 1 јануари 2019 година…

Новините кои се пропишуваат со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, се однесуваат на пропишување на нови зголемени стапки на придонеси за ПИО и здравствено осигурување во 2019, 2020 година како и на утврдување на нови обврзници на плаќање на социјални придонеси…

Подетално за предложените измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Со приближувањето на новогодишните празници прашањата за давањето на новогодишен надоместок и новогодишни пакетчиња за вработените и давањето на пригодни новогодишни подароци на деловните партнери на Друштвото стануваат се поактуелни. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на преземи се осврнуваме на законската регулатива која го уредува наведеното прашање како и на сметководствениот и даночниот третман на наведените трошоци во 2018 година.

Со кликнување на преземи може да го преземете Написот во кој Ве запознаваме со законското решение кое влезе во сила на 30 Ноември 2018 година…

Во написот кој може да го симнете со клинување на повеќе, Ве запознаваме со позначајни новини кои се воведуваат со Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. Ве известуваме дека детални инструкции и практични примери во врска со новините предложени со овој Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка, ќе Ви презентираме на КПУ обуките кои МСФИ Консалтинг ќе ги организира во текот на месец ДЕКЕМВРИ 2018 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на специфичностите на даночниот третман на животното осигурување согласно Новиот Предлог Законот за данок на личен доход…

Согласно одредбите од член 252 од Законот за работни односи, работодавачот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои се надвор од дејност на работодавачот, а кои имаат за предмет изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа, како и за културно уметнички работи со лице кое врши културно уметничка дејност. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, даваме одговор на прашањето дали може работодавачот во процесот на работа да ангажира и лица по основ на договор за дело или друг договор.

Целта на Предлог Законот е да се регулира прибирањето и обработувањето на банкарски податоци од страна на Управата за јавни приходи, заради пополнување на годишната даночна пријава. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи, Ве запознаваме со предложените законски решенија…

Од страна на Министерството за финансии изготвен е Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот со кој подетално Ве запознаваме со предложените законски решенија…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.