+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), правните и физичките лица ќе можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство…

Во “Службен весник на РМ”, бр. 26 од 04.02.2019 година објавен е Правилникот за формата, содржината и начинот на доставување на податоци за приливи на средства на сметки на физички лица.

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на повеќе прашања околу условите за стекнување право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, висината и основицата за утврдување на надоместокот на плата и други прашања во врска остварувањето на ова право, согласно Законот за работните односи и Законот за здравствено осигурување…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законската обврска за доставување и начинот на пополнување на Извештајот за задржан данок Образецот ДД-И за 2018 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме подетално на предложените законски решенија. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Законот за данокот на додадена вредност со овие предложени измени…

Министерството за финансии изготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност.
Приложеното законско решение е ставено на јавна расправа која ќе трае до 07.02.2019 година.

На веб страната на ИСОС (www.isos.com.mk) објавени се Листи на сметководители и овластени сметководители каде може да проверете дали Вашата обврска за плаќање на годишна членарина за членство во Институтот е подмирена, согласно член 10 став 2 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи низ практични примери се осврнуваме на условите кои треба да бидат исполнети за да се признае резервација, мерење на резервацијата, резервирање на трошоци во гарантен рок, резервирање за трошоци за обновување на природни богатства, резервации за преструктуирање, резервации кај неповолни договори, резервирање на трошоци врз основа на судски спорови, резервирања кога трошоците ги надоместуваат други субјекти, обелоденување на резервирањето и за неизвесните средства и неизвесните обврски…

Подетално за новините во пресметката на платите во 2019 година може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, а исто така Ви даваме и excel алатка за пресметка на платите од нето и бруто износ…

ТП – сметководител, ТП – овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари 2019 година да му достават на ИСОС список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност….

ДДВ обврзниците (правни или физички лица) се должни најдоцна до 25 Јануари 2019 година да ја достават ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2018 година. Иако секоја даночна пријава за целите на ДДВ сама по себе е конечна и се однесува за соодветниот даночен период за кој се доставува, сепак во Написот кој може да го симнете со кликнување повеќе, низ повеќе пратични примери се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2018 година…

Во Службен весник на РМ, број 7 од 2019 година објавен е Законот за изменување на Законот за платниот промет со кои се предвидува одложување на примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2019 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.