+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Подетално за наведеното може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, а воедно Ви даваме и терк на Одлука за именување на овластено лице и негов заменик одговорни за спроведување на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам…

Работникот не може да се откаже од правото на користење годишен одмор, односно секоја спогодба со која работникот се откажува од годишен одмор е ништовна согласно Законот за работните односи, а работодавачот е должен да му овозможи на работникот користење на годишен одмор. Но, има ситуации кога работодавачот не му овозможил на работникот користење годишен одмор. Дали во вакви случаи работникот има право на надоместок за неискористен годишен одмор и каков е неговиот даночен и сметководствен третман? Ова прашање е тема на написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Собраниска постапка е Законот за измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина со кој се врши доусогласување на постојниот закон со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ. Подетално за предложените измени може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2019 година низ повеќе примери, Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РМ, бр. 59 од 20.3.2019 година објавен е Правилникот за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот на „дофат на рака“ и начинот на нивна примена. Овој Правилник за трансферни цени е донесен согласно член 12-а став (3) од Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“ број 112/14…248/18) и влегува во сила од 21.03.2019 година. За прв пат ваков извештај обврзниците на данок на добивка ќе треба да достават со поднесувањето на ДБ за 2019 година.

Во “Службен весник на РСМ” бр. 57 од 18.03.2019 објавени се повеќе подзаконски акти од сферата на Финансирање на политички партии, Спречување на перење на пари и данок на личен доход. Истите може да ги симнете со кликнување на повеќе…

Почитувани, Ве молам да ни одговорите на следното прашање: Компанијата за која го водам сметководството е обврзник на данок на добивка. При составување на даночниот биланс за 2017 година компанијата имаше користено даночно ослободување за износот на извршените вложувања од добивката од претходната година (реинвестирана добивка) согласно член 28 од Законот за данок на добивка. Имено беше намалена даночната основа за износ од 5.500.000 денари врз основа на набавен деловен простор – дуќан.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на законските прописи кои треба да ги имаат во предвид приредувачите на наградни игри и интерактивни игри на среќа – квизови со цел нивно правилно организирање. Исто така даваме и практичен пример за начинот на правилно утврдување на даночните обврски (данок на личен доход, данок на добивка и ДДВ) кои произлегуваат од доделување на добра или услуги на физичките лица добитници на наградите…

Повеќе во врска со изготвувањето на извештаите за вложувањата во и од странство прочитајте во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе и во кој се осврнуваме на обврската за известување согласно Упатствата за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во / од странство…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ви ги презентираме програмите и мерките за вработување, во делот „Подршка за креирање нови работни места“ од кои работодавачите имаат значителен бенефит (финансиска или друга корист), доколку отворат нови работни места.

Согласно известувањето на Министерството за труд и социјална политика минималната бруто плата се усогласува за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари. Согласно Законот за минимална плата усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец април 2019 година…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на финансиската помош која македонските компании ја одобруваат на физичките лица – граѓани за нивно лекување во 2019 година. Исто така се осврнуваме и на начинот на оданочување на физичкото лице на кое по неговото лекување ќе му останат неискористени донирани финансиски средства…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.