+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Препорака на Владата за ослободување од работа на неколку кагегории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на својата онлајн седница одржана на 11.07.2024 година по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита и тоа:

  • Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 (петок) до 18.07.2024 година (четврток).
  • Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
  • Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.
  • Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Владата на Република Северна Македонија постојано ја следи состојбата поврзана со високите временски температури и за таа цел навремено презема соодветна мерки за заштита на населението.

Преземено од: https://vlada.mk/node/36564

  • Објавено на: 12/07/2024
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.