+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Пандемијата која започна во 2020 година за жал продолжи и во 2021 година. Оваа криза почнувајќи првично како здравствена криза предизвика огромна економска штета во работењето на македонските компании и слободно може да кажеме дека денес негативно влијае на сите сфери на општественото живеење. Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на регулативата врзана за донациите со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на данокот на додадена вредност и данокот на добивка.

Иако 2020 година беше особено тешка година за повеќето компании во Република Македонија како последица на пандемијата предизвика од Ковид, сепак одделни компании и во такви тешки услови добро стопанисуваа и постигнаа задоволителни резултати. Сопствениците на тие компании имаат можност на престојните собранија на акционери кај АД или собир на содружници кај ДОО или со одлука од страна на единствениот содужник кај ДООЕЛ да донесат одлука за исплата на дивиденда. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2021 година низ повеќе примери Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Класификацијата на дадените депозити на долгорочни и краткорочни средства се прави во зависност од рокот на кој депозитот е орочен. До колку станува збор за депозити кои се орочуваат на период подолг од една година од датумот под кој се изготвуваат билансите, станува збор за долгорочни финансиски средства. До колку станува збор за депозити кои се орочуваат на рок пократок од една година после датумот под кој се изготвуваат билансите станува збор за краткорочни средства. Повеќе во врска со сметководствениот третман на орочените депозити на македонските компании во комерцијалните банки може да прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи.

На 36-тата седница на Собранието на Република С. Македонија одржана на 25.03.2021 година започната е постапка на усвојување на Предлог Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март и истиот ќе се носи по скратена постапка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ примери детално Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на работодавачите по однос на користењето на оваа финансиска поддршка…

Се известуваат сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25.03.2021 година, дека најдоцна до 31.03.2021 година ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец…

Капар е сума пари или одредено количество заменливи предмети кои едната страна ги дава на другата договорна страна со цел обезбедување на исполнувањето на својата обврска, а пишманлак е кога едната или двете страни во договорот предвидат можност да се откажат од договорот со давање на извесен паричен износ или предмети. Но, кога со капарот е договорено право некоја од договорните страни да се откаже (пишмани) од договорот, тогаш капарот има функција на откажување на договорот (пишманлак). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на капарот и пишманлакот и нивниот нормативен, даночен и сметководствен третман…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Март 2021 – Април 2021 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 23.03.2021 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Друштвата кои по годишната сметка за 2020 година изготвија даночен биланс – Образец ДБ и кои на полето АОП 40 – Даночна основа, имаа искажано износ со минусен предзнак (негативен износ) имаат остварено даночна загуба. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално низ примери се осврнуваме на даночната загуба по годишна сметка за 2020 година и правото на пренос во следните пет фискални години…

Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2020 година произлегува од Законот за трговски друштва, како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Од аспект на финансиско известување, консолидацијата претставува постапка на изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на матичното друштво и една или повеќе негови подружници, како да претставуваат еден субјект. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе аспекти при изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2020 година…

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот до 25 март 2021 година (четврток) за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”)….

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишните сметки за 2020 година, Централниот регистар одлучи да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.