+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И “Б” образец до 25 март 2021 година

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2020 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток).

Овој рок се однесува и на другите обрасците за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020 се продолжува до 25 март 2021 година.

Корисни информации:

  • Објавено на: 12/03/2021
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.