+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец април 2021 е позитивен и изнесува 1.6%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец април 2021 година која треба да се плати до 15 мај 2021 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на наведената проблематика со намера да ги појасниме законските основи и даночните реперкусии во 2021 година кои можат да ги предизвикаат трошоците за образование, односно трошоците за стручно оспособување на вработените кога истите паѓаат на товар на друштвото…

Купопродажбата на далечина и надвор од деловните простории станува се почест начин на купување на стоки и услуги, особено изминатиот период кога поради пандемијата се почесто се користи купопродажба преку интернет (електронска продажба), кој е еден од начините на продажба на далечина. Како е уредена продажбата на далечина и продажбата надвор од деловните простории е предмет на написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

На веб страната на Владата објавен е јавен повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. Ова е операционализирање на мерката 3 од шестиот пакет при што на 6000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на одредбите од ЗРО кои се однесуваат на извршување работа од дома со склучување договор за вработување за вршење работа од дома и променет договор за вработување. Укажуваме и на можноста преку измени (анекс) на постојните договори за вработување да се утврди работење од дома, како и можноста со одлука работодавачот да организира работа од дома. Едновремено, во овој напис Ве запознаваме и со даночните аспекти на надоместоците на трошоци за работа од дома од аспект на данокот на личен доход и данокот на добивка…

За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица (образец БФС-СВД/3) со Изјава за исполентост на условите наведени во Законот. Поднесувањето на барањето се врши до 30 април 2021 година преку системот е-Персонален данок – со најава во подменито Доход од вршење самостојна дејност и со внес на барањето преку модулот БФС-СВД/3…

Бидејќи крајниот рок 25 април 2021 година се паѓа во недела (неработен ден) дали може да се поднесуваат ДДВ пријави и во понеделник 26 април 2021 година како краен рок за поднесување на ДДВ пријавите од страна на месечните ДДВ обврзници за месец март, односно за тромесечните ДДВ обврзници за периодот јануари март 2021 година. Исто така Ве молиме да ни одговорите кој е крајниот рок за плаќање на обврската по оваа ДДВ пријава ?

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на конечното оданочување со данокот на личен доход за 2020 година на физичките лица – граѓани преку добивањето на годишни даночни пријави на образецот ДЛД-ГДП. Написот има за цел да укаже на начинот на пополнување, односно постапката на контрола на внесените податоци од страна на УЈП во годишната даночна пријава (ДЛД-ГДП) во функција на правилно и точно утврдување и плаќање на годишната даночна обврска на данокот на личен доход за 2020 година од страна на физичките лица – граѓани…

За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП/3), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5002. За внесување на шифрата 5002 во полето 3.4б од МПИН образецот работодавчите мора да ја преземат новата верзија на клиентски софтвер…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Април 2021 – Мај 2021 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.04.2021 година…

На својата 66-та седница Владата на Република Северна Македонија го усвои шестиот пакет мерки за подршка на најпогодените сектори од корона вирусот. Со овој пакет мерки за подршка на стопанството се предвидуваат следните мерки…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.