+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



За тоа какви документи треба да се изготват, односно какви се даночните обврски на компаниите кои вршат продажба на трговска стока во транзит и каков е сметководствениот третман може да прочитате написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РСМ број 119 од 1 Јуни 2021 година објавени се следните протоколи и тоа: Протокол за превентивни мерки за сите работни места; Протокол за отворање и работа на кафетерии; Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана; Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување); Општ Протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија co COVID-19 и Протокол за организирање свадби/прослави и веселби. Одлуката може да ја симнете со кликнување подолу на повеќе…

Согласно Законот за здравствено осигурување, здравственото осигурување, може да биде задолжително и доброволно. Задолжително здравствено осигурување е востановува за сите граѓани на РС Македонија заради обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност и еднаквост, а доброволното здравствено осигурување за обезбедување на здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на правата од задолжително здравствено осигурување…

На веб страната на Министерството за економија објавен е Јавен повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари. Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година. Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје

На веб страната на Владата е објавен Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри. Крајниот рок на пријавување е 01.06.2021.

Каков е даночниот третман на платените комунални – режиските трошоци платени на име на физичкото лице – закуподавач при закуп на станбен или деловен простор. Дали и на овие трошоци закупецот е должен да пресмета и плати данок на личен доход ? Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи нив повеќе примери се осврнуваме на наведената даночна проблематика, а воедно Ви даваме и писмен одговор на Управата за јавни приходи…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Мај 2021 – Јуни 2021 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.05.2021 година…

Kакви се правата и обврските на работникот при заснован работен однос со дополнително работење? Каква согласност е потребно да даде првиот работодавач? Како се пресметува платата кога постои договор за дополнително работење? Кои социјални придонеси се плаќаат? Дали при пресметката на плата за работа кај втор работодавач се користи лично ослободување и во колкав износ? Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на претходно наведените прашања и го објаснуваме начинот на пресметка на плата и социјални придонеси во 2021 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Даночните обврзници кои користеле реинвестирана добивка не смеат да ги отуѓат средствата во период од 5 години од денот кога е извршено инвестициското вложување. Во однос на донациите во спортот и намалувањето на пресметаниот данок врз таа основа доколку на даночните обврзници или на лица поврзани со нив, им бидат вратени донираните финансиски средства од страна на спортските субјекти од директно или преку набавка на стоки и услуги, обврзниците го должат данокот кој би го платиле доколку не го користеле ослободувањето на данокот на добивка. Повеќе во однос на наведеното може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

На Веб страницата на Владата објавени се неколку јавни повици за давање на поддршка за стопанството заради справување со негативните економски последици од здравствено економската криза предизвикана од COVID-19 и тоа: Јавен повик за доделување финансиска поддршка на естрадни уметници, Јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички агенции, Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, Jавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.