+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Одговор: Согласно одредбите од член 26 став 3 од ЗСППФТ, правните субјекти (субјектите на упис во регистрите кои се водат при Централниот регистар на РС), со исклучок на: трговци поединци и самостојни вршители на дејност, како и буџетски корисници, лица кои вршат јавни овластувања, правни лица во државна сопственост и правни лица во постапка на стечај и ликвидација, имаат обврска за внесување податоците за нивните вистински сопственици во регистарот….

Во 2020 година како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со COVID – 19, голем број на компании во нашата земја се соочија со сериозни финансиски потешкотии и нарушена ликвидност во своето работење. Проблемот со нарушената ликвидност со кој се соочија компаниите најдобро може да се илустрира токму преку Извештајот за паричните текови. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2020 година, а воедно Ви даваме и алатка во Microsoft Excel којa може да Ви помогне при составување на Извештајот за паричен тек.

Со кликнување на повеќе може да ги симнете потврдите за даночен резидент за 2021 година за целите на задржан данок на добивка за GOOGLE и FACEBOOK…

Со кликнување на повеќе може да ги погледнете коефициентите за ревалоризација по годишна сметка за 2020 година…

Централниот Регистар на РСМ информираме дека од денес, 27.1.2021 година, почнува да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на дефинирањето на вистинскиот сопственик и даваме одговор на повеќе прашања во врска со обврската за внесување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици…

Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04. Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈАНУАРСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар. Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2021 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата…

Врз основа на наведеното пресметката на платите во 2021 година ќе се врши врз основа на следните податоци:
Минималната плата во 2021 година заклучно со март 2021 година изнесува 21.776 денари бруто плата (минимална нето плата изнесува 14.955 денари). Независно од висината на платата во 2021 година се применува единствена стапка на данок на доход од 10%;. Даночното намалување (личното ослободување) кое се применува во 2021 година при пресметка на данокот на доход од плата изнесува 8.438 денари и истото е објавено во Службен весник 299/2020. Подетално за наведеното може да прочитате со кликнување на повеќе…

Со кликнување подолу на преземи Ви даваме Алатка во Microsoft Excel за пресметка на пресметка на придонеси и данок на личен доход во 2021 година од нето и бруто плата:…

Како последица на измените на Законот за ДДВ кои беа објавени со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20) од 1 јануари 2021 година пропишана е нова ДДВ пријава (Образец ДДВ-04). Новата ДДВ пријава е пропишана со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, број 315/20). Новата ДДВ пријава за прв пат ќе се примени со поднесување на даночните пријави до УЈП најдоцна до 25 Јануари 2021 година. Подетално за начинот на пополнување на новата ДДВ пријава низ повеќе примери може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.