На Веб страницата на Владата објавени се неколку јавни повици за давање на поддршка за стопанството заради справување со негативните економски последици од здравствено економската криза предизвикана од COVID-19 и тоа:
- Јавен повик за доделување финансиска поддршка на естрадни уметници
- Јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички агенции
- Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор
- Jавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта
- Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби
Крајниот рок за пријавување на огласите под точките 1, 2, 3 и 4 е 25 мај 2021 година, додека за огласот под точката 5 е 30 Мај 2021 година.