+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Јавен повик на Министерството за економија за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари

На веб страната на Министерството за економија објавен е Јавен повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари.

Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година. Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје 

Линк до огласот (ОТВОРИ) 
Целосниот текст на Јавниот повик Ви го даваме во продолжение:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Северна Македонија (Сл. весник на РСМ бр.12 од 18.01.2021 год.), објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари

” Согласно Програма за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Северна Македонија (Службен весник на РСМ, бр. 12 од 18.01.2021 година), Министерството заекономија објави јавен повикза Пријавување наинтерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари

– Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Северна Македонија и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа.

1. Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) лоцирани во Туристичките центри во Република Северна Македонија и Туристичките агенции со А Лиценца.

Под поимот Туристички Центри, се подразбира место кое привлекува голем број туристи и туризам кој дава посебни карактеристики, така што приходот остварен врз основа на туризмот има важна улога во неговото функционирање.

Како туристички центри можат да се сметаат и градови кои поседуваат значаен обем на туристички објекти или региони во рамки на простор каде постојат неколку туристички центри како и комплекси кои нудат различни рекреативни и општествени содржини на една локација.

2. Немаат право на учество : Некатегоризирани угостителски објекти, угостителските објекти кои не се во туристичките центри или се оддалечени повеке од 1 (еден) километар од туристичките центри.

За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес(готов формулар).

Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk

Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје до 31.05.2021 година

За подетални информации да се обратите на: тел:(02) 3093 540; (02) 3093 536 и (02) 3093 543: емаил: bekim.hadziu©economy.gov.mk

Барање за пријавување на интерес за организирање на одмор на работници co ниски приходи (ПРЕЗЕМИ)

ПРИЛОГ ПОНУДА (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 26/05/2021
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.