+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец јуни 2023 е позитивен и изнесува 5,5%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јуни 2023 година која треба да се плати до 15 јули 2023 година…

Правото на пресметување стаж со зголемено траење е уредено со одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.98/15…79/23). Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи подетално се осврнуваме на пресметка на плата и придонеси на лица со бенефициран стаж. Воедно Ви ја даваме и соодветната законска регулатива и подзаконски акти кои ја уредуваат наведената материја…

Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-22731/1 од 26 Јуни 2023 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2023 година до 31.12.2023 година. Врз основа на наведеното ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2023 година изнесува: во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 16,00% додека во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 14,00%…

Начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, уредени се со Законот за девизно работење (“Службен весник на РМ” бр.34/01…110/21) и прописите на Народната банка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските аспекти на наплатата и плаќањето во ефективни странски пари – девизи со посебен акцент на Одлуката на Нaродната Банка за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање на девизи. Исто така Ви го даваме и законските прописи кои ја регулираат неведената материја…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈУНСКИОТ број од 2023 година на стручното списание од областа на сметководството, даноците и финансиите МСФИ СОВЕТНИК…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РСМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република С. Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа…

Иако кон крајот на 2022 година во Собранието на РСМ на предлог на Владата беше поднесен Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка со кој се предвидуваше бришење на член 30-а од Законот за данок на добивка, односно укинување на правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на дадени донации во спортот сепак тоа законско решение се уште не е донесено. Согласно таквата состојба во месец февруари 2023 година Агенцијата за млади и спорт подели ваучери на спортски клубови, национални спортски федерации и на активни спортисти. Имајќи во предвид дека во изминатиот период добиваме повеќе прашања на оваа тема, во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на користењето на ова право…

Правото на годишен одмор е едно од основните уставно загарантирани права од работен однос, кое на работникот му припаѓа независно дали засновал работен однос на неопределено или определено време, со полно или со неполно работно време. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на користењето на годишен одмор, надомест за неискористен годишен одмор и исплата на регрес за годишен одмор во 2023 година. Воедно Ви даваме и повеќе теркови како што се: Решение за годишен одмор, Oдлука за исплата на регрес, Спогодба за исплата на регрес во помал износ и Одлука за исплата на надоместок за неискористен годишен одмор. Ви го даваме и пречистениот текст на Законот за работните односи….

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот јуни 2023 – јули 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.06.2023 година…

Во „Службен весник на РСМ, бр. 111 од 30.5.2023 година беа објавени измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплемента-ција на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на нормативниот но и на даночниот третман на прометот кој ќе настане при изградбата на овие инфраструктурни проекти. Исто така Ви ги даваме и основниот текст на Законот и измената и дополнувањето на Законот….

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално низ практични примери се осврнуваме на случаите кога домашните даночни обврзници/примателите на прометот, односно услугите, извршен од странски даночни обврзници стануваат даночни должници за цели на данокот на додадена вредност…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на случаите кога се склучуваат договори за вработување, како и на случаите кога некое лице може да биде ангажирано со склучување на посебни договори (договори за дело или авторски договори) и на нивниот сметководствен и даночен третман во 2023 година.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.