+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ддв-04 пријавите до 26 јули

Поради прекин на електрично напојување во зградата каде е сместена Генералната Дирекција на Управата за јавни приходи, отежнато функционираат системите на Управата за јавни приходи.

Согласно Законот за даночна постапка, а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 1 (еден) работен ден.

Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 – 30.06.2023 и за 01.06.2023 – 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.

  • Објавено на: 25/07/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.