+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Еден од основите за престанување на важноста на договорот за вработување е прекин на договорот за работа поради возраст на работникот. За продолжување на договорот за вработување, работникот поднесува барање во вид на писмена изјава, најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината во која ги исполнува условите за прекин на договорот за вработување. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ве потсетуваме на оваа законска можност и Ви даваме Терк на Изјава за продолжување на договорот за вработување…

Во Службен весник на РМ број 153 од 2018 година објавен е Правилник за начинот на обезбедување на финансиската поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата. Со овој правилник кој влегува во сила на 18 Август 2018 година се пропишува начинот на обезбедување на финансиската поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата, согласно членовите 5-a и 5-б од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17 и 140/18).

На предлог на Министерството за финансии, во постапка на донесување е Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити со кој се планира да се ограничи висината на трошоците кои ги плаќаат корисниците на брзи кредити одобрени од финансиски друштва…

На предлог на Министерството за финансии, во постапка на донесување е Нов Закон за акцизите. Донесувањето на целосно Нов Закон за акцизите е наметнато од потребата за усогласување со акцизното законодавство и со најдобрите практики од земјите на Европската Унија…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на преземи, Ве запознаваме со новите решенија од ЗРВМР кои се однесуваат на работното време на мобилните работници, истовремено презентирајќи ги истите прашања на начинот на кој беа регулирани со претходниот закон…

Во Службен весник на РМ број 140 од 2018 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, кој е во сила од 30 Јули 2018 година. Со овие измени на Законот се пропишува давање на државна поддршка на работодавачите кои исплаќале на работниците повисок износ на плата од минималната плата…

Во Собранието на Република Македонија во постапка на донесување е Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ви ги презентираме новините кои ги носи ова Предлог законско решение…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ви ги презентираме новините кои ги носи ова предлог Законско решение…

Вo однос на оданочувањето на приходите од авторски права и права од индустриска сопственост со персонален данок на доход во Законот за персоналниот данок на доход предвидени се даночни олеснувања со кои може да се намали даночната основа преку користење на определен процент на нормирани трошоци. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на оданочувањето на физичките лица со персонален данок на доход за остварените приходи од авторски права и права на индустриска сопственост со посебен акцент на примената на системот е-ПДД при пресметка и плаќање на персоналниот данок во 2018 година…

Во Службен весник на РМ број 126 од 2018 година, Министерството за труд и социјална политика ја објави висината на минимална плата во бруто износ на Република Македонија. Согласно соопштението за периодот јули 2018, заклучно со платата за месец март 2019 година најниската бруто плата изнесува 17.370,00 денари. Врз основа на наведеното со примена на постојното лично ослободување за 2018 година најниската нето плата изнесува 12.165 денари.

Подетално за новините кои ги носи Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кој стапува на сила на 7 Јули 2018 година може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Исто така Ви го даваме и интегралниот текст на Законот.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.