+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнивање на повеќе се осврнуваме на даночниот третман на капитални добивки од движен, недвижен имот и хартии од вредност (акции и удели) од аспект на данокот на личен доход…

Со наведените Правилници кои влегуваат во сила на 14 јуни 2019 година се уредува постапката на издавање на ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт до спортските клубови и активните спортисти…

Согласно член 128 од ЗРО, работниците кои работат ноќе имаат право на посебна заштита за ноќна работа, под услов барем три часа од својата редовна дневна работна обврска да работат ноќе и да одработуваат ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повевќе се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2019 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе во првиот дел се осврнуваме на прашањата поврзани со стекнувањето и користењето на годишен одмор, во вториот дел се осврнуваме на прашањето кога работникот има право на надоместок за неискористен годишен одмор и во третиот дел на написот се осврнуваме на исплатата на регрес за годишен одмор за 2019 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските аспекти на наплатата и плаќањето во ефективни странски пари – девизи со посебен акцент на Одлуката на Нaродната Банка за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање на девизи…

Како резултат на почетокот на имплементација на дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој стартуваше од 1 јуни 2019 година, во Службен весник на РСМ бр. 111 од 31.5.2019 година објавена е измена на Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ („Службен весник на РМ“ бр. 65/99…42/16). Со измената се интервенира во членот 3 од Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ во делот кој се однесува на доказ за извршен извоз…

Во Службен весник на РСМ број 108 од 28.5.2019 година објавен е Нов Закон за акцизи со кој се врши усогласување на македонското законодавство со Директивите на европската Унија. Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето (5 јуни 2019), а ќе започне да се применува од 15 јули 2019 година…

Практиканството за прв пат се уредува со посебен закон. Имено, во Службен весник на РСМ“ бр. 98/2019 објавен е Законот за практиканство со кој се овозможува стекнување практично искуство на невработените лица, зголемување на нивните вештини и полесно вклучување на пазарот на трудот и создавање можности и услови на работодавачот за вработување на лица со практично искуство кои имаат одредени вештини и знаења за одредени работи и работни задачи. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен весник на РСМ”, односно на 29.05.2019 година. Повеќе во однос на новото Законско решение може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе..

Во „Службен весник на РСМ” бр. 98/19 објавен е Законот за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, кој стапи во сила на 21 Мај 2019 година. Со оваа измена на Законот за ДДВ дадена е можност на даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, тоа да можат да го направат со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност до Централниот регистар на Република Северна Македонија….

Во „Службен весник на РСМ“, број 98 од 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања кој влегува во сила на 29 мај 2019 година. Со кликнување на повеќе, може да го симнете Написот во кој подетално Ве запознаваме со новите законски измени во фискализацијата…

Во Службен весник на РСМ број 96/2019 година објавен е новиот Закон за прекршоци кој влегува во сила на 25.05.2019 година, освен одредбите на член 70 од овој закон (право на поведување управен спор) кои ќе отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година…

Од 1 Јуни 2019 година согласно член 182 став 2 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги….

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.