+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



За остварување на правото на финансиска поддршка работодавачот е должен да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи (образец БФП-ИП/2). Барањето се поднесува преку системот е-даноци и се наоѓа во делот Поднесоци/Дополнителни услуги/Придонеси/БФП-ИП/2…

За остварување на правото на финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, трговците поединци и самостојните вршители на дејност можат да поднесат Барање на образецот БФС-СВД/2 до УЈП. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок – опција Доход од вршење самостојна дејност до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажирирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Ажурираниот напис на МСФИ Консалтинг по конечниот текст на Законот со сите ажурирани измени и дополнувања, а исто така заради полесна илустрација и запознавање Ви даваме и презентација во Micrоsoft Power Point.

Со кликнување на повеќе може да го преземете предлог текстот на Законот каде со болдиран текст се новопредложените измени и дополнување…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на трговци поединци и самостојни вршители на дејност по однос на користењето на оваа финансиска поддршка. Напоменуваме дека овој напис е пишуван според предложеното законско решение при што постои можност од одредени измени во конечниот текст на Законот за што навремено ќе Ве известиме…

Во Собранието на РС Македонија доставен е Предлог Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година кој ќе се носи по скратена постапка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ повеќе примери Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на работодавачите по однос на користењето на оваа финансиска поддршка…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ОКТОМВРИСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Авансите од даночен аспект претставуваат однапред платени парични средства за идна испорака на добра и услуги кои треба да се извршат. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи низ примери се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на авансите во редовниот промет на добра и услуги и на авансите во услови на Reverse Charge при примена на член 32-а од Законот за ДДВ. Исто така даваме одговори и на прашањето Што ако по дадениот аванс и добиената авансна фактура никогаш не настане конечна испорака на добра или услуги ?

Причините заради кои содружниците кај ДОО најчесто носат одлука за откуп на сопствен удел од страна на друштвото е кога сакаат да ги заштитат нивните интереси како на пример кога некој содружник на друштвото сака да го пренесе својот удел, а во тоа време условите на пазарот не дозволуваат да се постигне некаква реална цена или на пример, кога еден содружник истапува, а другите содружници сакаат да го задржат затворениот карактер на друштвото, односно не сакаат да влезе нов содружник. За стекнување на сопствени удели друштвото е потребно да формира посебни резерви од остварената добивка во тековната година или од други резерви, односно од акумулирана добивка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, сметководствениот и даночниот третман на стекнување на сопствени удели во друштво со ограничена одговорност…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на случаите кога се склучуваат договори за вработување, како и на случаите кога работникот може да биде ангажиран со склучување на посебни договори и на нивниот сметководствен и даночен третман…

Сметководствениот третман на земјиштето и градежните објекти како форми на долгорочни материјални средства кои се трошат при вршењето на основната дејност на друштвото го уредува МСС 16-Недвижности, постројки и опрема и Оддел 17 од МСФИ за МСЕ. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на сметководствениот и даночиот третман на вложувањата во уредување на просторот околу компаниите, изградба на пристапен пат, паркинг простор, патеки и хортикултурно уредување.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.