+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Дали работодавачот му исплаќа на работникот додаток за минат труд е секогаш актуелно прашање во постапката на контрола од страна на трудовиот инспекторат. Во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските основи и Ви даваме практичен пример на пресметка на плата со кој ја илустрираме законската обврска на работодавачот за пресметка на додатокот за минат труд како задолжителен елемент на платата на работникот…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата. Исто така ви даваме и Урнек на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2020 година и Законот за практиканство…

Со измени на Законот за данокот на добивка кои беа усвоени кон крајот на 2018 година во однос на акумулираните добивки кои потекнуваат од 2009 година до 2013 година се направија одредени измени во нивниот даночен третман.
Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој низ примери се осврнуваме на даночната обврска за плаќање на данок на добивка кога акумулираните добивки од 2009 до 2013 година се користат за покривање на загуба…

Со цел да ја појасниме категоријата еднократните приходи кои не произлегуваат од редовното работење во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на категоријата останати приходи од деловното работење на компаниите за кои цениме дека во целост ги задоволуваат критериумите и барањата на Уредбата и Законот и кои треба да бидат исклучени од вкупните приходи при пресметката на падот на приходите како услов за добивање на финансиската поддршка…

Во рамките на Четвртиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на COVID 19, во Собранието на Република Македонија, во постапка на разгледување и донесување е Предлог на Закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Со кликнување на повеќе може да го преземете НОЕМВРИСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Со приближувањето на крајот на годината актуелно станува и прашањето за спроведување на пописот за 2020 година. Во услови на пандемија предизвикана од Ковид 19 факт е дека организацијата на пописот за 2020 година отвора многу прашања од кои особено би ги издвоиле следните: Дали постојат посебни протоколи за спроведувањето на пописот за 2020 година, односно кои протоколи работодавачите треба да ги почитуваат при спроведување на пописот ? Како да се оформат доволно пописни комисии кога поголем број на вработени отсуствуваат од работа заради тоа што се болни, заразени или заради тоа што е реорганизиран работниот процес и вработените работат од дома ? Како да се спроведе мерење, броење или пребројување на средствата на конкретни пописни места кога постои ризик од зараза во услови на групирање на повеќе вработени ? Дали е возможна примена на нови методи во утврдувањето на количината и состојбата на средствата кои би овозможиле целосна заштита на вработените во услови на Ковид 19 ? Одговорите на погоре наведените прашања како и начинот на подготовка и организација на пописот за 2020 година во услови на пандемија предизвикана од Ковид 19 може да ги прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РСМ, број 269 од 10.11.2020 година објавени се измени и дополнувања на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со измените на Програмата предвидени се следните поддршки за туристичкиот сектор како мерки за намалување на економските последиците предизвикани од Коронавирусот: враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти; грантови за лиценцирани туристички агенции и грантови за лиценцирани туристички водичи…

Во Службен весник на РСМ, број 269 од 10.11.2020 година објавена е Програма за поддршка на угостителскиот сектор во РСМ. Со Програмата предвидени се следните поддршки за угостителскиот сектор како мерки на надминување на кризата предизвикана од Коронавирусот: грантови за ресторани и грантови за игротеки…

Темата за раскин на облигационен договор е особено актуелна во сегашниве услови на пандемијата со COVID 19, поради променетите околности и економските потреси кои го погодија работењето на компаниите кои се соочуваат со неможност за исполнување на обврските преземени со договор. Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи, го презентираме раскинот на договор, како еден од начините на престанување на облигационите односи, кој може да биде: со волја на двете договорни страни (спогодбен и едностран раскин) и по сила на закон…

Во Службен весник на РСМ број 267 од 09.11.2020 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се дел од четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на РСМ, односно на 09.11.2020 година, но постојат различни дефинирани рокови од кога законските измени влегуваат во примена и до кога истите ќе се применуваат…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.