+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – јуни 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јуни 2020 година која треба да се плати до 15 јули 2020 година…

Врз основа на Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите на работодавачот – медиум, за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум со комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 630. За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на клиентски софтвер.

На 30 јуни 2020 година Народна банка на Република Северна Македонија преку соопштение бр. 02-15997/1 објави дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јули 2020 година до 31 декември 2020 година изнесува 1,5%.

Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на условите кои треба да ги исполни работодавачот за да добие финансиска поддршка и за платите за месец јуни 2020 година. Исто така Ви го даваме и пречистениот текст на Уредбата.

Колку ќе изнесува минималната плата за месец Јули 2020 година и натаму. Дали минималната плата од 14.500 денари која ја применуваме за месец јуни 2020 година ќе се промени почнувајќи од платата за месец јули 2020 година ?

По реакција на повеќе наши колеги дека не можат да извршат енкрипција при генерирање на crp. фајл од МПИН пресметката на плата укажуваме дека проблемите со енкрипцијата проилегуваат заради изминатите рокови на добиените кодови од Управата за јавни приходи.

Почитувани
Ве молиме да ни кажете до кога немаме обврска да правиме задршки од платата на вработените по основ на извршни решенија од страна на извршители. До која дата се стопирани извршувањата од страна на извршителите кои беа воведени заради вонредната состојба ?

Во “Службен весник на РСМ“ бр. 167/2020 објавена е Одлука за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странски банки, која стапи во сила на 22 јуни 2020 година. Со оваа измена се пропишува нов основ за слободно отворање и поседување на сметка во странска банка од страна на резидент.

Нашата компанија користеше ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба. Имаме намера да користиме ослободување и за месеците јуни и јули 2020 година. Еден од условите кои треба да ги исполниме за да го задржиме ослободувањето од плаќање на аконтации е да не го намалуваме бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените. Ве молам да ни објасните кога истекува тој рок ?

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе во првиот дел се осврнуваме на прашањата поврзани со стекнувањето и користењето на годишен одмор, во вториот дел се осврнуваме на прашањето кога работникот има право на надоместок за неискористен годишен одмор и во третиот дел на написот се осврнуваме на исплатата на регрес за годишен одмор за 2020 година. Воедно Ви давале терк на Решение за користење на годишен одмор за 2020 година, Одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 година и Спогодба за исплата на регрес за годишен одмор во помал износ во Microsoft word формат кои може да ги прилагодите согласно своите потреби…

Во Службен весник на РСМ број 169 од 22 Јуни 2020 година објавена е Уредба co законска сила за изменување на уредбата co законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба. Со измената се дава можност на правните лица обврзници на данок на добивка да користат ослободување од плаќање на месечните аконтации на данок на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година. Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на односно на 22 јуни 2020 година.

Во Службен весник на РСМ број 169 од 22 Јуни 2020 година објавена е Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Со измената се дава можност за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данок на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност и за месеците јуни и јули 2020 година. Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на односно на 22 јуни 2020 година.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.