+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



ЗРО децидно не наведува (освен за замена на отсутен работник), во кои случаи може да се склучи договор за вработување на определено време. Но, од дефиницијата на “Работник на определено работно време”, можат да се извлечат неколку ситуации. Имено, “Работник на определено работно време”, согласно член 5 од ЗРО, значи лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан. Повеќе во врска со вработување на определено време може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

На 6-тата седница на Владата, усвоен е четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19. Во продолжение. Со кликнување на повеќе Ви даваме краток осврт на предложените мерки кои треба во следниот период да бидат преточени во соодветни законски прописи…

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 мај 2020 година, донесе Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредната состојба, објавена во Сл.весник бр.140/20 од 29.05.2020 година. Согласно Уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија е продолжен до 05.10.2020 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете СЕПТЕМВРИСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на РСМ“, број 112/14…275/19), одделни обврзници на данок на добивка по ДБ за 2019 година се должни за деловните или финансиските трансакции со поврзаните лица кои настанале во 2019 година да достават извештај до Управата за јавни приходи, најдоцна до 30 Септември 2020 година. Имајќи во предвид дека во е-tax системот на УЈП се уште не постои соодветно техничко решение за електронски прием на ваквите електронски фајлови, даночните обврзници по ДБ за 2019 година, Извештајот за трансферни цени ќе треба да го достават во хартиена форма со пропратно писмо. На прашањата кои се даночните обврзници кои имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември и што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Владата на Република Северна Македонија на денешната 4-та седница ги разгледа и усвои заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесувајќи соодветни одлуки и тоа…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – август 2020 во однос на просекот за 2019 година е позитивен и изнесува 0.2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец август 2020 година…

Најчесто договорните страни во договорите предвидуваат решавањето на евентуалните спорови кои ќе произлезат при примената на договорите да го доверат на судовите. Но, во голем број договори како правна заштита е предвидено алтернативно решавање на споровите. Кога во договорите се предвидува алтернативен начин на решавање на спорови, вообичаено се наведува алтернативниот начин, кој може да биде: медијација или арбитража…

Во царинската постапка, лон производството е дефинирано како увоз за облагородување и преставува царинска постапка со економски ефект. Со употребата на оваа постапка се овозможува ставање на стока во постапка и нејзино подложување на некоја од операциите на облагородување и по извршеното облагородување добиениот производ повторно се извезува од царинското подрачје на Република Македонија. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствениот третман на лон производството…

Во услови на значително намалена куповна моќ на граѓаните како последица на здравствено-економската криза предизвикана од Covid 19, актуелни за овој период од годината се сезонските намалувања на цените. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сезонските намалувања на стоките и на другите посебни форми на продажба со цел на едно место оваа проблематика да ја опфатиме од даночен и сметководствен аспект, но и од аспект на Законот за заштита на потрошувачите (“Службен весник на РМ” бр. 38/04…140/18).

Задржаниот данок на добивка се пресметува на бруто приходите по стапка од 10%. Бруто приходот е приходот кој би бил исплатен на странското правно лице доколку не се изврши задржување на данокот од приходот кој би се исплатил. Плаќањето на данокот на добивка на приходи платени на странски правни лица (задржан данок) се врши истовремено со исплатата на приходот на странското правно лице со налог за плаќање на јавни приходи образец ПП-50 на уплатната сметка 840 – 01097, при што приходната шифра се пополнува зависно од основот на задржаниот данок. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на задржаниот данок на добивка и неговиот даночен и сметководствен третман…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – јули 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.1%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јули 2020 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.