+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – јули 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.1%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јули 2020 година…

Заради актуелноста на наведеното прашање имајќи во предвид дека Законот за извршување продолжи да се применува од 23 јули 2020 година во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законскиот и сметководствениот третман во 2020 година на задршките од плата на работниците од страна на работодавачите по различни основи и тоа: задршки врз основа на издаден налог за извршување од извршител, задршки на плата врз основа на неоправдано потрошени средства на работникот, задршки на плата врз основа на предизвикана штета од работникот, задршки на плата на работник врз основа на изречена парична казна и други задршки на плата…

Поттикнати од големиот број на прашања поставени од страна на физичките лица- граѓани кои вршат угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи, апартмани и соби за одмор како и во селските домаќинства, во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските и даночните обврски на физичките лица – граѓани кои обавуваат угостителска дејност…

Поради зголемените активности во тек на определен период (земјоделски, градежни, угостителски и сл.), на голем број работодавачи не им се исплатува за таков тип на работа да склучуваат договор за вработување со работник на неопределено време за извршување претежно сезонски работи. За таа цел со Законот за работните односи востановена е сезонската работа како посебен вид работа на определено време и за овој тип работа во него се содржани посебни одредби.

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 156 од 12 јуни 2020 година, се измени датумот до кога се применува оваа Уредба, т.е истата се применува заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба. Поаѓајќи од фактот дека вонредната сосројба заврши со 22.06.2020 година, рокот од 30 дена започнува да тече од 23.06.2020 година и завршува со 22.07.2020 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ве запознаваме со постапката за водење управен спор, со новините предвидени со овој закон и со одредбите со кои на поинаков начин се уредени одделни прашања во однос на претходниот закон. Исто така може да го преземете и Законот за управни спорови во неговиот интегрален текст.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Владата на РС Македонија на 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори. Во заклучокот се наведува дека истиот нема да се одработува. Прашање кое се наметнува е дали на работниците за тој неработен ден им следува плата и каков надоместок им припаѓа на работниците кои поради процесот на работа, сепак треба да работат?

Устав­ни­от суд на РС Ма­ке­до­ни­ја со Од­лу­ка У. бр.141/2020 од 24 ју­ни 2020 го­ди­на (об­ја­ве­на во Служ­бен вес­ни­к на РСМ, бр. 178 од 6.7.2020 го­ди­на), ја по­ниш­ти Уред­ба­та со за­кон­ска си­ла за ог­ра­ни­чу­ва­ње на пра­во­то на ис­пла­та на па­рич­ни­те па­у­ша­ли и па­рич­ни­те на­до­мес­то­ци на прет­се­да­те­ли­те и чле­но­ви­те на од­бо­ри­те на ди­рек­то­ри, прет­се­да­те­ли­те и чле­но­ви­те на уп­рав­ни и над­зор­ни од­бо­ри, прет­се­да­те­ли и чле­но­ви на ко­ми­сии, ра­бот­ни гру­пи и со­ве­то­дав­ни и ек­сперт­ски те­ла фор­ми­ра­ни од држав­на­та и ло­кал­на­та влас­т и прет­се­да­те­ли­те и чле­но­ви­те на со­ве­ти­те на еди­ни­ци­те на ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва за вре­ме на вон­ред­на­та сос­тој­ба („Служ­бен вес­ни­к на РСМ“ број 94/2020). Со Од­лу­ка­та се ста­ви вон си­ла Ре­ше­ни­е­то за за­пи­ра­ње на из­вршу­ва­ње­то на по­е­ди­неч­ни­те ак­ти или деј­стви­ја што бе­а пре­зе­ме­ни врз ос­но­ва на Уред­ба­та со за­кон­ска си­ла. Ова­а Од­лу­ка про­из­ве­ду­ва прав­но деј­ство од де­нот на об­ја­ву­ва­ње­то во „Служ­бен вес­ни­к на РС Ма­ке­до­ни­ја”, од­нос­но од 06.07.2020 го­ди­на.

Дали трошоците за набавка на средства за дезинфекција, маски за заштита на вработените, заштитни визири, пластични паравани, посебни налепници и обележја за означување на одржување на соодветно растојание на клиентите, дополнително ангажирање на лица за обезбедување и одржување на јавниот ред во просториите и слични трошоци се признати расходи за цели на данокот на добивка и дали може да се одбие влезното ДДВ? Дали трошоците за тестирање од Covid 19 кои ќе ги платат компаниите за своите вработени се признати трошоци за цели на данокот на добивка ?
Дали трошоците за тестирање од Covid 19 кои ќе ги платат компаниите за своите идни вработени при нивно вработување се признати за цели на данокот на добивка ? Дали овие трошоци до колку се платат од страна на компаниите подлежат на оданочување со данок на личен доход ? Одговорите на овие прашања може да ги најдете во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Воедно Ви го даваме и одговорот на УЈП по поставните прашања…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.