+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Подетално за начинот на пополнување на последниот годишен извештај за исплатените приходи во 2017 – Образец ПДД-ГИ може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2017 година согласно член 41 од Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници се должни да ја достават најдоцна до 25 Јануари 2018 година. Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2017 година…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот Јануари – Декември 2017 во однос на просекот за 2016 година е позитивен и изнесува…

ИСОС ги повикува своите членови сметководители и овластени сметководители кои не се вработени кај лиценцирани правни субјекти за вршење на сметководствена дејност (не се вработени во ТП Сметководител ТП Овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи), туку во други правни субјекти, во најкраток можен рок да достават информации за единствениот матичен број на правните субејкт во кои се вработени…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските основи за примена на личното ослободување при пресметување и плаќање на персонален данок на доход кога работникот работи со полно или скратено работно време како и на прашањето за правото на користење на лично ослободување при пресметка на плата за работникот кој има договор за дополнително работење со втор работодавач до 40 часа месечно…

Од страна на НБРМ со Одлука број 39714 од 26 Декември 2017 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година. Подетално за начинот на пресметка на казнената камата прочитајте во Написот Пресметка на казнена (затезна) камата до 30 Јуни 2018 година кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во службен весник на РМ број 197 од 2017 година објавени се следните Правилници и тоа: Правилникот за начинот на пресмeтка и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок (Правилник за е-ПДД), Правилникот за формата и содржината на барањето за паушално плаќање на персонален данок на доход, Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на доход по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување) и Правилникот за формата и содржината на извештајот за корисниците на продажни места на зелените пазари…

Со правилникот се пропишува начинот на пресметка и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок на обврзникот кој во текот на годината остварува приход кој подлежи на оданочување врз основа на Законот за персоналниот данок на доход, обврзникот-нерезидент и исплатувачот од членот 76 од Законот. Правилникот може да го симнете со кликнување подолу на преземи…

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk…

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, односно на 27.12.2017 година….

Од 1 јануари 2018 година започнуваат да се применуваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) и Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година)…

Во службен весник на РМ број 193/2017 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи кој влегува во сила на од 27.12.2017 година. Согласно измените на Законот утврден е нов рок од 60 дена (најдоцна до 25.02.2018 година) до кога лицата кои не успеале во законскиот рок да го заменат уверението добиено од Министерството за финансии со уверение од ИСОС, како и оние кои добиле уверение од ИСОС но не успеале во законскиот рок да се запишат во соодветниот регистар на ИСОС…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.