+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со правилникот се пропишува начинот на пресметка и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок на обврзникот кој во текот на годината остварува приход кој подлежи на оданочување врз основа на Законот за персоналниот данок на доход, обврзникот-нерезидент и исплатувачот од членот 76 од Законот. Правилникот може да го симнете со кликнување подолу на преземи…

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk…

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, односно на 27.12.2017 година….

Од 1 јануари 2018 година започнуваат да се применуваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) и Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година)…

Во службен весник на РМ број 193/2017 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи кој влегува во сила на од 27.12.2017 година. Согласно измените на Законот утврден е нов рок од 60 дена (најдоцна до 25.02.2018 година) до кога лицата кои не успеале во законскиот рок да го заменат уверението добиено од Министерството за финансии со уверение од ИСОС, како и оние кои добиле уверение од ИСОС но не успеале во законскиот рок да се запишат во соодветниот регистар на ИСОС…

Во „Службен Весник на РМ“ број 193 од 27.12.2017 од страна на Министерството за Финансии е објавено личното ослободување за 2018 година. Согласно објавата, личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.531,00 денар и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2018 година. На годишно ниво личното ослободување за персоналниот данок на доход за 2018 година изнесува 90.372,00 денари.

Во Службен весник на РМ број 185 од 2017 година објавени се измени во подзаконската регулатива на НБРМ од областа на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22)…

Во Службен весник на РМ број 190 од 2017 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, кој влезе во сила на 25.12.2017 година, а ќе започне да се применува од 1 Јануари 2018 година…

Со кликнување на повеќе може да го симнете ДЕКЕМВРИСКИОТ број од 2017 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Собранието на Република Македонија на својата 26 седница одржана на 22 декември 2017 година (петок) ги усвои измените и дополнувањата на Законот за вршење на сметководствени работи. Согласно усвоените измени, за 2017 година: ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ се должни да посетат најмалку 15 КПУ часови, а СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ се должни да посетат најмалку 10 КПУ часови. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Повеќе за измените може да прочитате во написот со кликнување на повеќе…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Декември 2017 – Јануари 2018 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.12.2017 година…

Покрај исплата на „редовните“ плати, со Законот за работните односи, предвидена е и можноста за исплата на 13-та плата, а со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, предвидена е и можноста за исплата на дел по основ на деловна успешност на работодавачот, односно т.н. бонус. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на можноста за исплата на 13-та плата и бонуси на вработените во 2017 година и нивниот нормативен, даночен и сметководствен третман…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.