+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (во натамошниот текст: ССА), правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве потсетуваме на постапката за упис на директните инвестиции во регистарот кој, во електронска форма, се води во Централниот Регистар, како и на последиците кои можат да произлезат од неисполнувањето на обврската за упис на директните инвестиции во регистарот…

Сметководствениот третман на државните поддршки и други видови на државна помош и нивното презентирање во годишната сметка и финансиските извештаи е уредено со Правилникот за водење на сметководството (“Службен весник на РМ”, број 159/09,161/10 и 107/11) и тоа во: МСС 20 – Сметководство за државни поддршки и обелоденување на државна помош, кој го применуваат средните и големите ентитети) и Оддел 24 – Државни поддршки од МСФИ за МСЕ, кој го применуваат малите и микро ентитети). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на сметководствен третман на признавање на приходите од државни поддршки…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – април 2019 во однос на просекот за 2018 година е негативен и изнесува -0.4%…

Владата го прогласи 7 мај (вторник) за неработен ден на територија на град Скопје за сите вработени во јавната и државната администрација.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ (на 03.05.2019 година), а ќе отпочне да се применува од 1 јуни 2019 година. Со денот на отпочнување на примената на овој правилник престанува да важи Правилникот за содржината на податоците кои нотарите, банките, осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот и правните и физички лица чија дејност е купопродажба на возила, ги доставуваат до Управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2016).

Во Службен весник на РСМ, број 50 од 05.03.2019 година објавена е Одлука за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влезе во сила на 13.03.2019 година. Поаѓајќи од актуелноста на прашањата врзани за условите под кои домашните правни и физички лица можат да отвораат и да имаат сметки во странски банки, особено новините кои ги пропишуваат овие нови измени на Одлуката, во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на можностите и условите под кои резидентите на Македонија можат да отвораат и имаат сметки во странски банки, по 13.03.2019 година…

Купување и продажба на трговска стокa во транзит преставува деловен настан, за кој често се поставува прашањето како таквиот деловен потфат да се евидентира во сметководството. Станува збор за набавка на трговска стока која не се складира, туку директно се испорачува на купувачот. Во одредени случаи ваквиот деловен потфат во целост се обавува во странство. По однос на тоа какви документи треба да се изготват, односно какви се даночните обврски на субјектот кој врши продажба на трговска стока во транзит може да прочитате написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во своето секојдневно работење, даночните обврзници регистрирани за цели на ДДВ често пати се наоѓаат во ситуација да вршат промет и на употребувани / половни добра, а во тие рамки и на промет со патнички автомобили, различни движни добра, уметнички дела и антиквитети. во овој Напис, се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман од аспект на ДДВ и данокот на личен доход при извршување на прометот со овие добра во 2019 година…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Април 2019 – Мај 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 19.04.2019 година…

Во билансите на повеќето трговски друштва, особено на оние кои се занимаваат со производство, туристичка, трговска дејност и слично, недвижностите, односно градежните објекти и земјиштата преставуваат значајна билансна ставка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и данониот третман на вложувањата во уредување на просторот околу компаниите, изградба на пристапен пат, паркинг простор, патеки и хортикултурно уредување…

Со Законот за измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, се допрецизираат одредени законски одредби и се поедноставува постапката за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и се проширува опфатот на субјектите кои можат да користат финансиска поддршка. Исто така, олеснети се предусловите и критериумите за доделување на финансиска поддршка на инвестициите. Напоменуваме дека Законот за финансиска поддршка на инвестиции веќе е донесен од страна на Собранието на 27 март 2019 година, но се чека на негово објавување во „Службен весник на РСМ“. Повеќе може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе….

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.