+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во „Службен весник на РСМ“, бр. 142/19, објавен е Нов Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација согласно со Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Новиот Правилник е во сила од 13 Јули 2019 година и со неговото влегувањето во сила, престанa да важи Правилникот за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/18).

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

На 104-тата Седницата на Собранието на РМ одржана на 9 јули 2019 година донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка…

Во овој период на годината, односно во период на масовно користење на годишните одмори, значителен број на физички лица – граѓани учествуваат во туристичката понуда преко издавање на апартмани за сместување на туристите во нашите најпознати туристички места. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските и даночните обврски на физичките лица – граѓани кои обавуваат угостителска дејност…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ повеќе примери ја илустрираме примената на концептот на пренесување на даночната обврска на примателот на добра и услуги согласно член 32-a од Законот за ДДВ…

Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој подетално се осврнуваме на предложените законски новини…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнување на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве информираме за објавените обрасци од страна на УЈП и тоа: Образец БДО-ДС – Барање за даночно ослободување за донациите во спортот и Образецот ИДО-ДС – Известување за извршена донација во спортот како дел од процедурата за стекнување на правото на намалување на пресметаниот данок на добивка, а исто така Ви даваме и примери во врска со правото на намалување на данокот на добивка по ДБ за 2019 година и правото на намалување на аконтациите кои се плаќаат во текот на 2019 година за дадени донации во спортот…

Во Службен весник на РСМ, бр. 133/2019 објавен е Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица кој влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 28.6.2019 година, а започнува да се применува од 1 јули 2019 година. Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица. Со кликнување на повеќе може да го симнете Законот и Напис поврзан со враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица…

Од страна на НБРМ со Одлука број 08-21235/1 од 26 Јуни 2019 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2019 година до 30.12.2019 година. ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ врз основа на наведеното казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2019 година изнесува:
во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 12,25%
во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 10,25%.

Во Службен весник на РМ, број 124 од 18 јуни 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина кој влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник (на 26 Јуни 2019 година), а ќе започне да се применува во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на законот, односно на 24 Август 2019 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.