+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Почитувани, Ве молам да ни одговорите на следното прашање: Компанијата за која го водам сметководството е обврзник на данок на добивка. При составување на даночниот биланс за 2017 година компанијата имаше користено даночно ослободување за износот на извршените вложувања од добивката од претходната година (реинвестирана добивка) согласно член 28 од Законот за данок на добивка. Имено беше намалена даночната основа за износ од 5.500.000 денари врз основа на набавен деловен простор – дуќан.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на законските прописи кои треба да ги имаат во предвид приредувачите на наградни игри и интерактивни игри на среќа – квизови со цел нивно правилно организирање. Исто така даваме и практичен пример за начинот на правилно утврдување на даночните обврски (данок на личен доход, данок на добивка и ДДВ) кои произлегуваат од доделување на добра или услуги на физичките лица добитници на наградите…

Повеќе во врска со изготвувањето на извештаите за вложувањата во и од странство прочитајте во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе и во кој се осврнуваме на обврската за известување согласно Упатствата за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во / од странство…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ви ги презентираме програмите и мерките за вработување, во делот „Подршка за креирање нови работни места“ од кои работодавачите имаат значителен бенефит (финансиска или друга корист), доколку отворат нови работни места.

Согласно известувањето на Министерството за труд и социјална политика минималната бруто плата се усогласува за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари. Согласно Законот за минимална плата усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец април 2019 година…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – февруари 2019 во однос на просекот за 2018 година е негативен и изнесува -0.6%…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на финансиската помош која македонските компании ја одобруваат на физичките лица – граѓани за нивно лекување во 2019 година. Исто така се осврнуваме и на начинот на оданочување на физичкото лице на кое по неговото лекување ќе му останат неискористени донирани финансиски средства…

Во Службен весник на РМ, бр. 50 од 5.3.2019 година објавена е Одлука за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со оваа одлука се врши измена и дополнување на условите под кои резиденти можат да отвораат сметки во странство како последица од почетокот на втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација….

Со одредбите на член 19 од Законот за данок на добивка дадено е право на даночните обврзници кои искажале загуба во билансот на успех за 2018 година намалена за непризнатите расходи по ДБ за 2018 година (Даночна загуба) да ја искористат за намалување на даночната основа при составување на даночниот биланс за 2019 година и за следните даночни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата. Повеќе за наведеното може да прочитате со кликнување на повеќе…

Согласно известувањето на Централниот Регистар, сите обврзници за поднесување на годишни сметки, ќе можат да поднесуваат годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година, во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), како и на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

Прашањата врзани за начинот на пресметување и плаќање на месечните аконтации на данокот на доход за приходите од вршење на самостојна дејност кои се оданочуваат според вистински доход, уредени се со одредбите на член 90 до 94 од Законот за данок на личен доход. Подетално може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.