+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Практиканството за прв пат се уредува со посебен закон. Имено, во Службен весник на РСМ“ бр. 98/2019 објавен е Законот за практиканство со кој се овозможува стекнување практично искуство на невработените лица, зголемување на нивните вештини и полесно вклучување на пазарот на трудот и создавање можности и услови на работодавачот за вработување на лица со практично искуство кои имаат одредени вештини и знаења за одредени работи и работни задачи. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен весник на РСМ”, односно на 29.05.2019 година. Повеќе во однос на новото Законско решение може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе..

Во „Службен весник на РСМ” бр. 98/19 објавен е Законот за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, кој стапи во сила на 21 Мај 2019 година. Со оваа измена на Законот за ДДВ дадена е можност на даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, тоа да можат да го направат со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност до Централниот регистар на Република Северна Македонија….

Во „Службен весник на РСМ“, број 98 од 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања кој влегува во сила на 29 мај 2019 година. Со кликнување на повеќе, може да го симнете Написот во кој подетално Ве запознаваме со новите законски измени во фискализацијата…

Во Службен весник на РСМ број 96/2019 година објавен е новиот Закон за прекршоци кој влегува во сила на 25.05.2019 година, освен одредбите на член 70 од овој закон (право на поведување управен спор) кои ќе отпочнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Мај 2019 – Јуни 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.05.2019 година…

Од 1 Јуни 2019 година согласно член 182 став 2 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги….

Во Службен весник на РСМ, бр. 96 од 17.5.2019 година објавено е Автентично толкување на Собранието на РСМ по однос на ДДВ третманот (примената на членот 14 став 3 точки 1 и 5 oд Законот за ДДВ) на дејностите на повикувачки услуги – call center, кое со кликнување на повеќе може да го преземете…

Во Службен весник на РСМ, бр. 96 од 17.5.2019 година објавено е Автентично толкување на Собранието на РСМ по однос на примената на членот 25 став (1) од Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ“ број 61/2004…23/16) во однос на прашањето дали се плаќа данок на промет на недвижности кога настанува пренос на имотот (недвижноста) како последица на статусна промена како присоединување, спојување и поделба на друштвата…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (во натамошниот текст: ССА), правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве потсетуваме на постапката за упис на директните инвестиции во регистарот кој, во електронска форма, се води во Централниот Регистар, како и на последиците кои можат да произлезат од неисполнувањето на обврската за упис на директните инвестиции во регистарот…

Сметководствениот третман на државните поддршки и други видови на државна помош и нивното презентирање во годишната сметка и финансиските извештаи е уредено со Правилникот за водење на сметководството (“Службен весник на РМ”, број 159/09,161/10 и 107/11) и тоа во: МСС 20 – Сметководство за државни поддршки и обелоденување на државна помош, кој го применуваат средните и големите ентитети) и Оддел 24 – Државни поддршки од МСФИ за МСЕ, кој го применуваат малите и микро ентитети). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на сметководствен третман на признавање на приходите од државни поддршки…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – април 2019 во однос на просекот за 2018 година е негативен и изнесува -0.4%…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.