+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Од страна на Минстерството за финансии објавен е Предлог Законот за данок на моторни возила со што започната е постапка на јавна расправа. По завршувањето на јавната расправа се очекува Предлог Законот да влезе во Собраниска постапка за негово усвојување. Се очекува ова законско решение за данок на моторни возила да биде донесено од страна на Собранието и да влезе во примена од 1 ноември 2019 година…

Се предлага субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите да започне да се применува со исплата на плата за октомври 2019 година, а законското решение ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – август 2019 во однос на просекот за 2018 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец август 2019 година која треба да се плати до 15 септември 2019 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2018 година зголемена за 0.3% (АОП 44 од ДБ за 2018 година).

Со започнување на учебната година до голем број на компании во нашата земја доаѓаат барања од физички лица (родители или ученици) со кои се бара од компаниите во рамките на нивната општествена одговорност да помогнат на учениците или на студентите со исплата на школарини, односно стипендии. Често пати ваквите барања се и од самите сопственици на друштва каде истите сакаат трошоците за школарина или студирање на нивните деца да бидат на товар на друштвото. Вакви барања за покривање на трошоци до друштвата се доставуваат и за плаќање на постдипломски студии, стекнување на магистратури, докторати и слично. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на наведената проблематика…

Каков е даночниот третман на другите надоместоци кои ги добиваат менаџерите согласно менаџерскиот договор кој го имаат склучено (пример: право на платен стан или куќа за живеење, плаќање на сметки за телефон кој се користи за приватни потреби, користење на возило за приватни потреби, платено животно осигурување, платено приватно здравствено осигурување, уплата на придонеси во трет пензиски фонд, плаќање на годишни одмори и летувања и други надоместоци) ? Подетално во однос на наведеното низ конкретни примери може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Советот на Народната банка на 29.08.2019 година одржа редовна седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство…

Забраната за конкурентскo дејствување претставува посебен правен институт кој ја регулира лојалноста на работникот кон работодавачот за времетраењето на работниот однос и одреден период по престанокот на работниот однос. Повеќе во однос на забраната за конкурентско дејствување на работникот може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека веб апликацијата МојДДВ е достапна на следниот линк https://mojddv.ujp.gov.mk. Веб апликацијата МојДДВ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ…

Во Службен весник на РСМ, бр. 174 од 22.08.2019 година објавена е Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на добра и услуги кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност…

Во написот кој може да го синете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман на расходувањето на материјалните основни средства и нивна продажба подоцна како отпад со посебен осврт на важноста во обезбедување на соодветна документација при отписот на овие средства од сметководствената евиденција на друштвото…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Август 2019 – Септември 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.08.2019 година…

Од страна на Управата за јавни приходи објавена е постапката за користење на даночното намалување за даночните обврзници, правни лица кои донираат финансиски средства на спортски субјекти, уплатени на посебна наменска сметка согласно член 30-а од Законот за данок на добивка…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.