+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го преземете НОЕМВРИСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

На 116-тата седница на Собранието на РМ одржана на 14.11.2019 година беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата. Во интерес на ваше целосно информирање за новините кои ги носи Законот, Ве информираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

На 14 ноември 2019 година Собранието на РМ на својата 116-та седница ги изгласа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Се очекува нивно објавување во Службен весник на РМ по што истите треба да стапат во примена. По однос на примената на Законот за субвенционирање на придонесите, Управата за јавни приходи потребно е да објави соодветна инструкција за начинот на пополнување на МПИН декларацијата, за што навремено ќе ве известиме.

Со кликнување подолу на преземи може да го преземете написот во подетално кој низ примери се осврнуваме на обврската за плаќање на данок на добивка при губење на правото на реинвестирана добивка и донации во спортот…

Во Службен весник на РСМ, број 232, на 08.11.2019 објавен е Законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој е изменет членот 30-a став (12) од Законот за данокот на добивка. Со измената на Законот износот на вредноста на издадените ваучери на спортски субјекти врз основа на кои обврзниците на данок на добивка го остваруваат правото на даночно ослободување е зголемено од постојните 6 милиони евра на 10 милиони евра на годишно ниво. Законот влегува во сила со денот на објавувањето вo „Службен весник на Република Северна Македонија“ односно на 8.11.2019 година. Со кликнување на повеќе може да ја преземете измената и на Законот и пречистен текст на Законот за данокот на добивка…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – октомври 2019 во однос на просекот за 2018 година е позитивен и изнесува 0.1%…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на законските прописи кои ја регулираат гаранцијата како и сметководствените и даночните аспекти на трошоците за извршени поправки и сервисирања во гарантен и во негарантен рок…

Министерството за финансии најавува измени на Законот за ДДВ со кои прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари и промена на периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот ќе биде намален на три години од тековните пет години. Сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминуваат новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот на ДДВ…

Министерството за финансии најавува дека примената на прогресивниот данок на личен доход се биде ставена во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти…

Управата за јавни приходи известува дека на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки…

До колку друштвото има акумулирана загуба од претходни години или оствари загуба од деловно работење по годишната сметка од тековната година и истата ја покрива со акумулирани добивки кои потекнуваат од периодот од 2009 до 2013 година тогаш овие добивки се оданочуваат со данок на добивка и друштвото е обврзани преку е-tax до УЈП да го достави Образецот ДД-ПЗ. Повеќе во однос на наведеното низ практични примери може да прочитате во Написот кој може да ги симнете со кликнување подолу на преземи.

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 Октомври 2019 година , се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2019 година.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.