+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Веб апликација МОЈДДВ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека веб апликацијата МојДДВ е достапна на следниот линк https://mojddv.ujp.gov.mk. Веб апликацијата МојДДВ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ.

Преку веб апликацијата МојДДВ граѓаните ќе може да ги повлечат/поништат фискалните сметки кои ги скенирале по грешка.

Ги повикуваме граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата МојДДВ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 % од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ. Веб апликацијата е достапна на граѓаните на македонски, албански и англиски јазик.

Кратко упатство за користење на веб апликацијата:
Најавете се на https://mojddv.ujp.gov.mk

  • За да се најавите потребно е претходно да сте регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (е-Персонален данок) и да го внесете валидното Корисничко име (е-пошта) и Лозинка од е-ПДД
  • На почетната страница на веб апликацијата со извештаи за граѓани се прикажани информации за Вкупен промет, Вкупно ДДВ, Поврат на ДДВ и број на Скенирани сметки за најавениот граѓанин. Стандардно, прикажаните информации се однесуваат за месецот во кој што граѓанинот последен пат има скенирано фискална сметка. Доколку во одреден месец граѓанинот воопшто нема скенирано фискални сметки, тогаш тој месец за таа година нема да постои во оваа опаѓачка листа. На почетната страница исто така е прикажан и графикон со информации за остварениот поврат на ДДВ и преостанат поврат на ДДВ за тековното тромесечие. Притоа сумите се прикажани процентуално и во денари. Максимално може да се оствари поврат од 1800 денари во текот на едно тромесечие. Доколку граѓанинот ја надминал оваа сума, тогаш на екран е испишана и надминатата сума на поврат на ДДВ.
  • Кај месечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по месец и година. За секој месец од секоја година во кој што граѓанинот има скенирано фискални сметки се прикажани следните информации: Година, Месец, Број на скенирани сметки, ДДВ А, ДДВ Б, Вкупно ДДВ, Вкупен промет и Поврат на ДДВ(15%).
  • Кај тримесечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по тримесечие и година.
  • Повлекување сметки – Доколку граѓанинот по грешка скенирал фискална сметка или поради некоја друга причина сака да повлече скенирана фискална за поврат на ДДВ тоа може да го направи овде. Дозволено е повлекување на фискални сметки од претходно тримесечие до 25ти од првиот месец од наредното тромесечие.
  • Објавено на: 27/08/2019
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.