+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – ноември 2019 во однос на просекот за 2018 година нема зголемување и изнесува 0%…

1. Предлог измени и дополнување на Законот за платен промет – се пролонгира можноста да се склучуваат договори за компензација, асигнација, цесија и преземање на долг со фирми кои имаат блокирани сметки до 31 Декември 2021 година. Во Собранието на Република Македонија во постапка на донесување е Предлог – Закон за именување и дополнување на Законот за платниот промет….

Со приближувањето на новогодишните празници прашањата за давањето на новогодишен надоместок и новогодишни пакетчиња за вработените и давањето на пригодни новогодишни подароци на деловните партнери на Друштвото стануваат се поактуелни. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој се осврнуваме на законската регулатива која го уредува наведеното прашање како и сметководствениот и даночниот третман на наведените трошоци кои настануваат на крајот на 2019 година…

Во собраниска постапка се наоѓа Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи со кој се предлагаат повеќе клучни законски измени за кои може да се информирате со кликнување на повеќе…

Дали непаричниот основачки влог на содружниците се оданочува со данокот на додадена вредност и каков е даночниот третман од аспект на данокот на имот. Ако едно друштво А кое е ДДВ обврзник внесува дуќан како непаричен влог во основната главнина на друштво Б се наметнува прашањето кои се даночните импликации, односно дали внесениот деловен простор како непаричен влог од друштвото А во Друштвото Б е промет кој подлежи на оданочување со ДДВ за што друштвото А е должно да испорача фактура со искажан ДДВ? Одговорот на наведеното прашање и на повеќе други поврзани со внесувањето на непариен влог при основање на друштво може да го пронајдете во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе.

Во услови на страшната елементарна непогода земјотрес која ја погоди Албанија, голем број на фирми од целата територија на Македонија ја покажуваат својата хуманост со давање на парична помош или донирање на сопствени производи како помош за загрозените подрачја. Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на целокупната законска регулатива врзана за донациите со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на ДДВ, данокот на добивка, данокот на личен доход и даноците на имот…

На 28.11.2019 година на веб страната на Управата за јавни приходи е објавена нова верзија на клиентскиот софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок. Се препорачува да се инсталира најновата верзија на клиентскиот софтвер во функција на примена на законот за субвенционирање на придонеси за зголемена плата. Истиот може да го преземете преку следниот линк од веб страна на Управата за јавни приходи.

Висината и условите за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата се уредени со Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата (Службен Весник на РСМ 239 од 19.11.2019 година). КОЈ МОЖЕ ДА КОРИСТИ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ Субвенционирање на придонеси може да користи обврзникот…

Во Службен весник на РСМ бр. 244/19 објавен е Правилникот за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Правилникот влегува во сила од 27 ноември 2019 година.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на прашањата кога и под кои услови работодавачот може да организира прекувремена работа, кои се правата на работникот кога работи прекувремено и даваме практичен пример како се пресметува плата кога работникот остварува прекувремена работа…

Во Службен весник на РСМ, бр. 239 од 19.11.2019 година објавени се: Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата….

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Ноември 2019 – Декември 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 19.11.2019 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.