+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да ги погледнете економските мерки предложени од Владата и Нардодната банка за заштита на економијата на земјава од големите економски последици поради кризата со Kоронавирусот (COVID 19)…

Во услови кога сме соочени со глобално ширење на епидемија од вирусот (COVID-19), со мерките кои нашата земја ги презема во насока на спречување на ширење на оваа епидемија преку одлуки за прекин на работа на одделни правни субјекти, покрај финансиските загуби на правните лица од приватниот сектор поради неостварувањето на приходи, се наметнува прашањето за обврската на работодавачите за исплата на надоместок на плата на работниците кои нема да работат во периодот на прекинот на работа од овие причини…

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на мало на: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони средства. Највисоките цени на наведените производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската здравствена организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19. Овие највисоки цени ќе се применуваат до 30 април 2020 година. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник , односно на 17.03.2020 година. Со кликнување на повеќе може да ја преземете Одлуката на Владата.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во Службен весник на РСМ, бр. 63 од од 13.3.2020 година и 64 од 14.3.2020 година објавени се Измени и дополнување на Одлуката за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 која беше објавена во Службен весник на РСМ, бр. 62 од 12.3.2020 година. Со овие нови Одлуки се врши измена на некои од постојните мерки и се предлагаат нови мерки, препораки и насоки усвоени од Владата на Република С. Македонија во врска со спречување на ширењето Коронавирус COVID-19. Со кликнување подолу на повеќе може да ги симнете сите наведени Одлуки како и Законот за заштита на населението од заразни болести….

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година…

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година. Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – февруари 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.1%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2020 година која треба да се плати до 15 март 2020 година..

Драги колешки, соработнички, пријателки, мајки…
МСФИ Консалтинг Ви го честита Денот на жената, 8-ми Март, со желби секој ден во годината да Ви биде исполнет со среќа, љубов и внимание…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.