+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на Минимална плата согласно Законот за минимална плата кој ќе се исплаќа за период Април 2020 заклучно со платата за месец Март 2021 година. Износот на минималната плата во бруто износ почнувајќи од платата за месец април 2020 година изнесува 21.776 денари. Врз основа на наведеното износот на минималната нето плата изнесува 14.934 денари…

На 30-тата седница седница на Владата на РСМ одржана на 27 март 2020 година донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, со која даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма…

Во „Службен весник на РСМ“ бр. 79 од 26 март 2020 објавена е Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука изменета е највисоката трговска маржа која трговските друштва и трговците поединци можат да ја применат во трговијата на овие стоки, и тоа: во трговијата на големо – 10% и во трговијата на мало – 15%…

Од страна на Владата на РСМ донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со која како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година…

Од страна на Владата на РСМ донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со која се пропишува како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година…

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат…

Согласно со оваа владина Уредба со законска сила, туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Коронавирусот. Со оваа мерка на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година…

На 26-та седница одржана на 24.3.2020 година, Владата на РСМ донесе донесе Уредба со законска сила за измена на Законот за облигационите односи. Со владината уредба стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата)…

Со оваа Уредба со законска сила се пропишува намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот…

Од страна на Владата на РСМ донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, со која се регулира примената на Законот за трговските друштва за време на траењето на вонредната состојба. Со членот 2 од Уредбата се овозможува пролонгирање на роковите за свикување и одржување годишно собрание на акционери, како и собир на содружници, од страна на трговските друштва, за време на траењето на вонредната состојба. Пролонгирањето на роковите се однесува и на започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собирот на содружници.

Советот на Народната банка одржа вонредна електронска седница на која донесе регулаторни измени насочени кон привремено олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на компаниите што се корисници на кредити, а коишто веќе се соочуваат или во наредниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во намирувањето на своите обврски кон банките и штедилниците, предизвикани од состојбата со коронавирусот…

На веб страната (https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2) на Развојна банка на Северна Македонија објавен е јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.