+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, бр. 76 од 24.3.2020 година донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за oпштата управна постапка за време на вонредна состојба. Одредбите од оваа уредба со законска сила ќе се применуваат за определување и продолжување на роковите во управна постапка, за време на траење на вонредната состојба…

Во Службен весник на РСМ, бр. 76 од 24.3.2020 година објавена е Уредба на Владата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба. Одредбите на оваа уредба ќе се применуваат само во однос на поведувањето на стечајна постапка и поведувањето на претходна постапка. Во истиот Службен весник објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за oпштата управна постапка за време на вонредна состојба. Одредбите од оваа уредба со законска сила ќе се применуваат за определување и продолжување на роковите во управна постапка, за време на траење на вонредната состојба…

Во Службен весник на РСМ, бр. 76 од 24.3.2020 година објавена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која се проширува списокот на производи за кои се утврдуваат највисоки цени. Имено, согласно измената на Одлуката највисока цена се определува и за „потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати“.

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година. Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.

Согласно мерките и препораките на Владата на РСМ, преземени со цел заштита на населението од ширење на вирусот КОВИД-19, одделни работодавачи организираа работа од дома. Но, што претставува работа од дома, како да се организира, односно дали работодавачот може да ја организира само со усмени одлуки или е потребно да се преземат други дејствија? За наведеното може да прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Со кликнување на повеќе може да ги симнете: Образецот Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа, Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ, бр. 68 од 18.3.2020 година и Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник на РСМ, бр. 72 од 21.3.2020 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете Известувањето, како и двете Одлуки на Владата на РСМ, како и пречистен текст на Законот за Трговија…

Со оваа нова одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезифекциони средства….

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Март 2020 – Април 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.03.2020 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Со кликнување на повеќе може да се информирате за економските мерки на Владата за справување со последиците од корона вирусот (COVID 19)

Во услови на епидемија на Коронавирусот (COVID-19), одделни правни субјекти во нашата земја ја разгледуваат можноста од воведување на online продажба, односно интернет трговија. Целта е да се обезбеди одредена економска активност за да се намалат загубите во вакви влошени услови на работење. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнување на законските можности за воведување на online продажна, односно интернет трговија од страна на македонските компании и сметководствените и даночни аспекти на овој вид на трговија…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.