+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, бр. 87 од 2.4.2020 година објавена е Уредба со која се менува Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/20). Со оваа нова Уредба се пропишува следното: се укинува забраната за одржување на годишно собрание на акционери, односно годишен собир на содружници, за време на траењето на вонредната состојба (што како забрана беше пропишана со Уредбата објавена во Сл. 79/20); се пропишува задолжителна обврска на трговските друштва кои се во целосна сопственост на државата, остварената добивка да ја уплатат во корист на Буџетот на Р.С. Македонија и се забранува исплата на дивиденда на странски содружници, односно за странски акционери кај сите трговски друштва, за време на траењето на вонредната состојба….

Согласно Уредбата со законска сила за примена на законот за данок на добивка во време на вонредна состојба, на Владата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник на РСМ, бр.79 од 26.03.2020 година, обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот (COVID 19), имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година…

Во Службен весник на РСМ, бр. 86 од 1.4.2020 година објавена е Уредбата со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување. Со оваа владина Уредба со законска сила се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено. Уредбата со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 1 Април 2020 година….

Во Службен весник на РСМ, бр. 84 од 30.2020 година објавена е Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањeтo на судовите и јавните обвинителства. Согласно член 1 од Уредбата, законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа уредба се до престанување на вонредната состојба…

Поради состојбата во стопанството предизвикана од мерките и препораките на Владата на РСМ, што наметна прекин на работата или намалување на работата во повеќе компании во нашата земја, а со цел да помогнеме во наоѓање решенија при реализацијата на склучените договори, во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на одредбите од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на неможност за исполнување на договор поради: променети околности и поради виша сила…

Во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на Минимална плата согласно Законот за минимална плата кој ќе се исплаќа за период Април 2020 заклучно со платата за месец Март 2021 година. Износот на минималната плата во бруто износ почнувајќи од платата за месец април 2020 година изнесува 21.776 денари. Врз основа на наведеното износот на минималната нето плата изнесува 14.934 денари…

На 30-тата седница седница на Владата на РСМ одржана на 27 март 2020 година донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, со која даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма…

Во „Службен весник на РСМ“ бр. 79 од 26 март 2020 објавена е Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука изменета е највисоката трговска маржа која трговските друштва и трговците поединци можат да ја применат во трговијата на овие стоки, и тоа: во трговијата на големо – 10% и во трговијата на мало – 15%…

Од страна на Владата на РСМ донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со која како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година…

Од страна на Владата на РСМ донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со која се пропишува како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година…

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат…

Согласно со оваа владина Уредба со законска сила, туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Коронавирусот. Со оваа мерка на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.