+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Продолжен рокот за доставување на годишна сметка до 24.03.2020 година и од Централниот регистар

На facebook страната на Централниот Регистар во однос на рокот за доставување на годишните сметка за 2019 година објавено е следното соопштение:
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.
До моментов, во Централен регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки.
Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019година изнесуваше 88.000.
Иако 95% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.
Со Почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија
  • Објавено на: 13/03/2020
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.