+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во „Службен весник на РСМ“ бр.101/2020 објавен е Правилникот за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на обврзникот. Правилникот е донесен врз основа на член 95 став (5) од Законот за данокот на личен доход „Службен весник на РСМ“ бр.241/18 и 275/19 и влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, односно на 15.04.2020 година…

Со Уредбата со законска сила за субвенционирање на социјални придонеси (“Службен весник на РСМ, бр. 92/2020) на работодавачот, за секој осигуреник (вработен), за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република С. Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој низ практични примери се осврнуваме на финансиската поддршка за субвенционирање на придонеси за месеците април и мај и јули 2020 година.

Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/Барање за ослободување….

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно за физичко лице кое врши самостојна дејност (трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар). Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој низ практични примери се осврнуваме на финансиската поддршка за трговците поединци и самостојните вршители на дејност со 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година…

Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој детално низ примери се осврнуваме на исполнувањето на условите за добивање на финансиска поддршка на работодавачите за исплата на платите на вработените за месеците април и мај 2020 година во износ од 14.500 денари согласно Уредбата со законска сила објавена во Службен весник на РСМ број 93 од 07.04.2020 година и измена на Уредбата објавена во Службен весник број 97 од 9 Април 2020 година…

Во службен весник на РСМ број 97 од 9 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Со оваа уредба се менуваат некои услови и ограничувања кои претходно беа пропишани во Уредбата објавена во Службен весник 93/2020 што секако е во прилог на стопанствениците потенцијални корисници на оваа владина мерка…

Владата на Република Северна Македонија издаде известување кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани…

Со Законот за работните односи, со посебни одредби се утврдува постапката за откажување на договорот од деловни причини и се утврдуваат одделни права и обврски за работодавачот и за работникот на кој му престанува работниот однос поради деловни причини. Со кликнување подолу на преземи може го симнете Написот во кој низ примери се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствен третман на отказот на договорот за вработување од деловни причини – технолошки вишок во 2020 година.

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година беше објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. По однос на примeната на оваа одредба, Фондот за здравствено осигурување издаде соопштение од 06.04.2020 година кое Ви го презентираме во целост:..

Во Службен весник на РСМ број 93 од 07.04.2020 објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Финансиската поддршка се однесува за сите работодавачи од приватниот сектор кои вра-ботуваат работници врз основа на договор за вработување, физичко лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавач корисник, согласно со Законот за приватни агенции за вработување. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на можноста за користење на оваа поддршка за нето плата од 14.500 денари и текстот на Уредбата…

Во Службен весник на РСМ, бр. 93 од 7.4.2020 година објавена е Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот….

Важно е дозволите за движење да бидат со нов датум, кој е по 6 април, кога се донесени новите мерки за полициски час. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.