+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во прилог на Одлуката се следните Протоколи: Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови; Протокол за отворање и работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница; Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари; Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции; Протокол за отворање и работа на молови и Протокол за работа на школите за обука на возачи. Со кликнување на повеќе може да ја преземете Одлуката со протоколите…

Со Уредбата се пропишува следното: за веродостојни сметководствени документи врз основа на кои се водат трговските книги се сметаат и скенирани документи доставени по електронски пат и Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално низ примери се осврнуваме на конечното оданочување со данокот на личен доход за 2019 година на физичките лица – граѓани преку добивањето на годишни даночни пријави на образецот ДЛД-ГДП. Написот има за цел да укаже на начинот на пополнување, односно постапката на контрола на внесените податоци од страна на УЈП во годишната даночна пријава (ДЛД-ГДП) во функција на правилно и точно утврдување и плаќање на годишната даночна обврска на данокот на личен доход за 2019 година од страна на физичките лица – граѓани.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

По обработката на МПИН образецот, Управата за јавни приходи го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиска поддршка како и бројот на вработени лица, за кои се квалификувал за исплата на финансиската поддршка за соодветниот месец…

Во Службен весник 115 од 4.5.2020 година објавени се решенијата на Уставен суд во врска со исплатата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор и за платата на именуваните лица за време на вонредна состојба. Повеќе во врска со наведеното може да прочитате со клкнување подолу на преземи…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – април 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец април 2020 година која треба да се плати до 15 мај 2020 година…

Каков е даночниот третман на премиите за животно осигурување кои компаниите ги плаќаат за своите вработени во 2020 година од аспект на данокот на личен доход и данокот на добивка. На кој износ не се плаќа данок на личен доход ? Која стапка на данок на личен доход се применува во 2020 година? Кој износ на платени премии за животно осигурување е признат трошок за цели на данокот на добивка? Дали трошоците за приватно здравствено осигурување платени за вработените од страна на компаниите се оданочуваат со данок на личен доход и со данок на добивка ? Каков е даночниот третман на уплатите во трет пензиски фонд во 2020 година. На кој износ на уплатените премии не се плаќа данок на личен доход и кој износ е даночно признат расход за цели на данокот на добивка ? Одговорите на претходно наведените прашања може да ги погледнете во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, работодавачите имаат можност за користење на субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. За остварување на правотото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) до Управата за јавни приходи…

Во Службен весник на РСМ бр. 116 од 5.5.2020 година објавена е Уредба со која се менува Уредбата за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба Службен весник на РСМ бр. 92 од 6.4.2020 година. Со оваа најнова измена на Уредбата се воведуваат следните промени…

Со измени и дополнувања од 01.05.2020 година („Службен весник на РСМ“ бр.113/20), Уредбата се дополнува со нови одредби во однос на: пријавување во системот на задолжително социјално осигурување од страна на работодавачот, на работниците на кои кај истиот работодавач работниот однос им престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, односно на ново лице за замена од евиденцијата на невработени лица…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.