За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.
Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП/3), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5002. За внесување на шифрата 5002 во полето 3.4б од МПИН образецот, преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (ТУКА).
За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска поддршка треба да ги исполни следните услови:
- месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година, односно декември 2020 година, јануари и февруари 2021 година намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка да се намалени најмалку за 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2019 година и јануари 2020 година, односно декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година, намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење. За обврзниците регистрирани по јануари 2020 година, намалувањето на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени во периодот ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година, односно декември 2020 година, јануари и февруари 2021 година да изнесува најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот-барател на финансиска поддршка остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар до крајот на месец октомври, односно ноември 2020 година,
- работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност на работодавачот со шифра 102 во МПИН образецот) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка, до денот исплатата на платата за месец март 2021 година,
- бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка од овој закон да е ист или поголем со бројот на вработени заклучно со месец декември 2020 година, со исклучок на одјавените работници согласно оправданите основи на престанок на вработување согласно овој закон. Овој услов нема обврска да го исполни работодавачот-барател на финансиска поддршка кој врши дејност наведена согласно со Националната класификација на дејности –НКД Рев. 2: угостителска дејност( шифра 56-дејности за подготовка и служење на храна и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49- копнен и цевоводен транспорт) кој поради здравствени протоколи има затворено најмалку 50% од своите капацитети од кои го остваруваат прометот,
- Работодавачот-барател на финансиска поддршка на повеќе од 10% од вкупниот број вработени да не им исплатил поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка.
Работодавачот НЕ може да користи финансиска поддршка за исплата на плати за работник доколку
- работникот за месец октомври, ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, сразмерно на часовите на пријавено работно време (полно или неполно работно време) или доколку засновал работен однос за време пократко од четири месеци, нето платата на работникот е повисока од 39.900 денари за секој месец одделно за периодот за кој е пријавен во работен однос, сразмерно на часовите на пријавено работно време (полно или неполно работно време),
- користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (за мерките од проектот „Македонија вработува“) и
- вработува работник за дополнително работење, согласно со членот 121 од Законот за работните односи.
Финансиска поддршка за исплата на платите не може да користи:
- орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје и
- приватна агенција за вработување за работник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор.
- работодавач кој во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари, а има вработено до 2.000 лица во месецот за кој користи финансиска поддршка.
Износот на финансиска поддршка заради исплата на плати за февруари и март 2021 година, се определува врз основа на процентот на намалувањето на приходот искажан во барањето и тоа на следниот начин:
- за намален приход од 30% до 40% износ на финансиска поддршка до 14.500 денари
- за намален приход од 40,01% до 50% износ на финансиска поддршка до 15.955 денари
- за намален приход од 50,01% до 60% износ на финансиска поддршка до 17.410 денари
- за намален приход од 60,01% до 70% износ на финансиска поддршка до 18.865 денари
- за намален приход од 70,01% до 80% износ на финансиска поддршка до 20.320 денари
- за намален приход од над 80% износ на финансиска поддршка до 21.776 денари.
По обработката на МПИН образецот, Управата за јавни приходи го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиска поддршка како и бројот на вработени лица, за кои се квалификувал за исплата на финансиската поддршка за соодветниот месец.
Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за да може да се изврши исплата на финансиските средства во рок од 5 дена од прифатениот МПИН образец со одобрена финансиска поддршка.
Работодавачите по прием на финансиската поддршка имаат обврска за исплата на платата за месецот за кој побарувале финансиска поддршка.
Работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати за вработениот за кој примил финансиска поддршка, должен е да му ја исплати платата најмалку до износот на примената финансиска поддршка, но не помалку од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата на Република Северна Македонија.
За времетраење на финансиската поддршка согласно овој закон и два месеци после завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, во однос на бројот на вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка, не смее да се намалува, освен заради:
- пензионирање и смрт на работник,
- откажување на договорот за вработување од страна на работникот,
- откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски,
- спогодбено преземање на работник,
- престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и
- престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.
Два месеци после завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, вкупниот број на вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка не смее да се намали по наведените основи на оправдан престанок, за повеќе од:
- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,
- 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и
- 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.
КОМБИНИРАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Работодавачот кој истовремено може да користи друга мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или данок на личен доход во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира (користи истовремено) со шифрата 5002 во полето 3.4б.
ВРАЌАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на плати согласно има обврска 50% од примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија по доставено решение од страна на Управата за јавни приходи најдоцна до 15 февруари 2022 година.
Враќањето ќе се изврши на две месечни рати, без камата, во месеците февруари и март 2022 година.
Делот од 50% од примените финансиски средства за исплата на плати кој треба да се врати во Буџетот на Република Северна Македонија, е неповратен за работодавачот корисник на финансиска поддршка доколку примените финансиски средства од искористената финансиска поддршка за плати, до крајот на 2021 година ги искористи за инвестициски вложувања односно вложувања во материјални средства (недвижности, постројки и опрема), вклучително и вложувањата во материјални средства набавени преку финансиски лизинг, како и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за проширување на дејноста, освен вложувања во патнички автомобили, мебел, теписи, аудио визуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други вложувања кои служат за административни цели.