+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Почитувани колеги,
На почетокот сакаме да Ви изразиме огромна благодарност за поддршката која ни ја дадовте изминатите денови што за нас создава голема одговорност во иднина да бидеме уште подобри и да ви возвратиме на вашата максимална поддршка.
Бидејќи МСФИ Консалтинг во меѓувреме доби одобрение од ИСОС за спроведување на КПУ обуки, а по барање на голем број на наши соработници одлучивме на 14 февруари 2023 година (ВТОРНИК) да организираме еднодневна online КПУ обука 1/2023

Сите средни и големи компании во РМ покрај годишна сметка за 2022 година имаат обврска до Централниот регистар да достават и неревидирани финансиски извештаи. Комплетот на финансиски извештаи согласно МСС 1-Презентирање на финансиските извештаи го сочинуваат: Извештај за финансиската состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за промените на главнината, Извештај за паричните текови и Сметководствени политики и објаснувачки белешки подготвени во согласност со МСС, односно МСФИ. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2022 година, а воедно Ви даваме и алатка во Microsoft Excel којa може да Ви помогне при составување на Извештајот за паричен тек…

Со клинување на повеќе може да преземете Обрасци, Одлуки и други корисни документи поврзани со изготвување на годишна сметка за 2022 година…

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве известува дека се објавени ажурирани официјални регистри за активни сметководители и овластени сметководители.

Субјектот кој што има обврска да го задржи и да го уплати данокот, согласно членот 24 став 1 од Законот за данокот на добивка има обврска да достави и Извештај за уплатениот данок по задршка за 2022 година. Извештајот ДД-И треба да се достави најдоцна до 15 февруари 2023 година по електронски пат преку системот на е – даноци на УЈП. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на пополнување на Извештајот за задржан данок Образецот ДД-И за 2022 година, а воедно може да го преземете и написот во кој поопширно Ве запознаваме со даночниот и сметководствен третман на задржаниот данок на добивка…

Со клинување на повеќе може да ги преземете коефициентите за ревалоризација за 2022 година…

Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (Службен весник на РСМ бр. 173/2022) правните лица со лиценца за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари 2023 година да достават во ИСОС: список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар во ИСОС и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност…

Согласно соопштението на ИСОС од 30.01.2023 година и МСФИ Консалтинг доби одобрение за спроведување на КПУ обуки. Во продолжение Ви го даваме интегралното соопштение на ИСОС…

Поради техничкиот проблем со линкот Ве известуваме дека рокот за ажурирање на податоци се продолжува до 29.01.2023 година…

Во Службен весник на РСМ број 14 од 24 јануари 2023 објавени се повеќе подзаконски акти – Правилници од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/22). Правилниците може да ги преземете со кликнување на повеќе…

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е (25.01.2023 година) и истиот се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 година (петок)…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.