+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со Одлуката за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (“Службен весник на РСМ”, бр. 17 од 24.01.2024 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 29.02.2024 година….

Во Службен весник, бр. 17 од 24.01.2024 објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која е продолжено нејзиното важење до 29 февруари 2024 година. Потсетуваме дека ограничувањето на цените се однесува на следните производи: 1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; 2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише; 3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише…

Во пресметката на платата за 2024 година нема влијание само Законот за данок на личен доход туку и одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување како и Законот за минимална плата во Република Македонија. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој низ примери Ве запознаваме со специфичностите во пресметката на платите во 2024 година…

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744 денари (16 x 57.609). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308 денари (12 x 57.609).

Со написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, ве потсетуваме на обврската на работодавачите кон работниците при секое исплаќање на платата во текот на 2023 година како и до 31 јануари 2024 година да издадат писмена пресметка за исплатените плати, надоместоци на плата, за платените социјални придонеси и данок на доход. Исто така Ви даваме пречистен текст на Законот за работните односи и Терк на збирна пресметка за исплатените плати во 2023 година…

ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година согласно член 41 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен Весник на РМ”, бр. 44/99…199/23), даночните обврзници се должни да ја достават најдоцна до 25 Јануари 2024 година. Во оваа ДДВ пријава покрај останатото треба да се вклучат и одредени корективни износи кои произлегуваат од претходните даночни периоди во 2023 година. Иако секоја даночна пријава за целите на ДДВ сама по себе е конечна и се однесува за соодветниот даночен период за кој се доставува, сепак во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година….

На 15 јануари 2024 година трговците кои согласно Законот, се должни да вршат наплата на биоразградливите кеси по цена од 15 денари се должни за периодот октомври – декември 2023 година да достават евиденција за бројот на продадени кеси за носење на продажно место на образец пропишан со Правилникот заедно со налог од уплатениот надоместок…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман во 2023 година на расходувањето на материјалните основни средства и нивна продажба подоцна како отпад со посебен осврт на важноста во обезбедување на соодветна документација при отписот на овие средства од сметководствената евиденција на друштвото…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец декември 2023 е позитивен и изнесува 7,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец декември 2023 година која треба да се плати до 15 јануари 2024 година…

Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-42628/1 од 28 Декември 2023 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година. Врз основа на наведеното ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ казнената камата во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2024 година изнесува: во облигационите односи помеѓу правни лица 16,30% и во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице 14,30%….

Во член 25 став 8 од Законот за трговија (Службен весник на РСМ, бр. 16/04…93/23) пропишана е обврска за вршителите на дејност трговија на мало за плаќање на посебен надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година. Токму на оваа обврска на трговците на мало која ќе треба да се плати до 15 јануари 2024 година низ примери се осврнуваме во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Исто така ви го даваме и соопштението на Министерство за економија по однос на оваа обврска, пречистен Закон за трговија и Excel табела за олеснување на пресметката…

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја промени препораката за работни празнични денови, донесена на 214-та владина седница. Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.