+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со цел надминување на проблемите кои настанаа како последица на истекувањето на важ­нос­та на јавниот клуч при пресметката на платите и изготвувањето на МПИН декларациии пре­ку постојниот систем (преку користење на постојната апликацијата МПИН) потребно е да ги преземете следните чекори наведени во инструкцијата која може да ја преземете со кликнување на повеќе…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2025 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Работникот кој работи ноќе има право и на соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2025 година…

Консолидирана годишна сметка за 2024 година заедно со консолидирани неревидирани финансиски извештаи матичното друштво е должно да достави до Централниот регистар на РСМ, најдоцна до 31 март 2025 година. Извештајот за ревизијата на консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи треба да се достават до Централниот регистар на РМ, најдоцна до 30 јуни 2025 година…

Со новиот Закон за стручно образование и обука (“Службен весник на РСМ“ бр.3/25, во сила од 11.01.2025 година) работодавачот во дуалното образование има обврска во договорот за реализација на практичното образование, да утврди месечен надомест во корист на ученикот, во висина од најмалку: 6% во втора година; 9% во трета година и 12% во четврта година од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката во претходната година. Во написот кој може да го симнете подолу се осврнуваме на обврските кои се пропишани со овој закон за работодавачите кои се вклучени во системот на образование и обука на учениците. Воедно Ви го даваме и Законскииот текст за преземање.

Во врска со крајниот рок за поднесување на годишната сметка за 2024 година, ЦРМ на својата веб страна го има објавено следното соопштение: Почитувани Ги известуваме Трговците поединци и самостојните вршители на дејност (обврзници за поднесување годишни сметки согласно Законот за данок на личен доход) дека Централниот регистар на ден 15.03.2025 година (сабота) ќе работи и ќе врши прием…

Почитувани, Доделувањето на овластувањата за изготвување на МПИН преку Е-ПДД се врши преку е-Даночни услуги на следниот линк https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/home.seam Со кликнување подолу може да го погледнете видео упатството, а исто така може да ја преземете и инструкцијата во pdf формат за начинот на регистрација и доделување на овластувања за поднесување на МПИН пресметки преку Е-ПДД. За да се користи…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на финансиската помош која македонските компании ја одобруваат на физичките лица – граѓани за нивно лекување во 2025 година. Исто така Ви даваме и Терк на Одлука за давање на финансиска помош за лекување…

Почитувани колешки,
Денес ја празнуваме силата, убавината и посветеноста на сите жени. Благодарни сме за вашата инспирација, љубов и храброст која го прави светот поубав. Нека секој ден биде посветен на вашата уникатност и неверојатна енергија!
Среќен 8-ми Март!

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец февруари 2025 е позитивен и изнесува 1,7%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2025 година која треба да се плати до 15 март 2025 година…

Друштвата кои по годишната сметка за 2024 година имаат поднесено даночен биланс – Образец ДБ и кои на полето АОП 40 – Даночна основа, имаат искажано износ со минусен предзнак (негативен износ) имаат остварено даночна загуба. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на даночната загуба за 2024 година и правото на пренос во следните 3 фискални години како право на намалување на даночната основа во ДБ за 2025, 2026 и 2027) година…

Во Службен весник на РСМ број 49 од 4 март 2025 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите. Со законот се пропишува обврска за трговците кои вршат дејност согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2.1 со шифра 47 – Трговија на мало, и тоа за малите, средните и големите трговци да ги објавуваат на своите веб страници тековната продажна, односно единечната цена на секоја стока што ја нудат за продажба. Микротрговците и трговците-поединци се ослободени од оваа обврска.
Оние трговци кои имаат повеќе од еден продажен објект, истите ќе треба да ги објавуваат цените на стоките, поединечно за секој свој продажен објект. Трговците кои имаат обврска да ги објавуваат цените на своите стоки кои ги нудат за продажба се должни да го усогласат своето работење во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (најдоцна до 18 април 2025 година)…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.