+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Субјектот кој што има обврска да го задржи и да го уплати данокот, согласно членот 24 став 1 од Законот за данокот на добивка има обврска да достави и Извештај за уплатениот данок по задршка за 2023 година. Извештајот ДД-И треба да се достави најдоцна до 15 февруари 2024 година по електронски пат преку системот на е – даноци на УЈП. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на пополнување на Извештајот за задржан данок Образецот ДД-И за 2023 година, а воедно може да го преземете и написот во кој поопширно Ве запознаваме со даночниот и сметководствен третман на задржаниот данок на добивка…

МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.1/2024-8 часа за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2023 година ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ / ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА во следните термини и градови:

I. КПУ ОБУКИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
– 31 Јануари 2024 година (среда) во Хотел Оаза – Штип
– 2 Февруари 2024 година (петок) во Хотел Холидејн Ин – Скопје
– 6 Февруари 2024 година (вторник) во Хотел Кристал Палас – Прилеп
– 8 Февруари 2024 година (четврток) во Хотел UNIQUE Resort & Spa – Охрид

II. ОНЛАЈН КПУ ОБУКИ
– 1 Февруари 2024 година – (четврток) – онлајн
– 9 Февруари 2024 година – (петок) – онлајн

Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на начините на престанување на обврските, со посебен акцент на престанување на обврските со: исполнување, компензација, отпуштање долг и новација. Исто така Ви даваме и терк на договор за компензација и ви даваме пречистен текст на Законот за облигационите односи…

Со клинување на повеќе може да ги преземете коефициентите за ревалоризација за 2023 година…

Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173/22) правните лица со лиценца за работа се должни најдоцна до 31 јануари 2024 година да достават во ИСОС список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност. Полисата за годишното осигурување согласно член 32 став 2 точка 6 од Законот треба да изнесува: за ТП – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан, за ТП – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска против-вредност по штетен настан и за Друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈАНУАРСКИОТ број од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ број 18 од 25 јануари 2024 година објавен е Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност кој влегува во сила од 26.01.2024 година. Во однос на начинот на утврдувањето на местото на промет на услугите во контекст на примена на новата содржина на членот 14 од ЗДДВ која започна да се применува од 1 јануари 2024 година особено се значајни одредбите од член 2 до член 5 од Правилникот…

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници. Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

Со Одлуката за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (“Службен весник на РСМ”, бр. 17 од 24.01.2024 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 29.02.2024 година….

Во Службен весник, бр. 17 од 24.01.2024 објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која е продолжено нејзиното важење до 29 февруари 2024 година. Потсетуваме дека ограничувањето на цените се однесува на следните производи: 1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; 2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише; 3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише…

Во пресметката на платата за 2024 година нема влијание само Законот за данок на личен доход туку и одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување како и Законот за минимална плата во Република Македонија. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој низ примери Ве запознаваме со специфичностите во пресметката на платите во 2024 година…

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744 денари (16 x 57.609). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308 денари (12 x 57.609).

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.