+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Почитувани, На 05.09.2023 година од страна на ИСОС е објавено соопштение кое интегрално Ви го даваме во продолжение:

Неплатено отсуство, односно можноста за отсуство од работа без надомест на плата и придонеси од плата, утврдено е со одредбите од член 147 од Законот за работните односи. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на неплатеното отсуство, а воедно Ви даваме и теркови на: Барање за одобрување неплатено отсуство поднесено од работник, и Одлука за одобрување неплатено отсуство донесена од управителот на друштвото….

Со преодните одредби, односно со член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (“Службен весник на РСМ”, бр. 275/19, во сила од 27.12.2019 година) беше пропишан нов даночен третман, односно оданочување со данок на добивка на ревалоризационите резерви при нивен пренос во акумулирана добивка. Пресметувањето и плаќањето на данокот се врши на образецот “ДД-РВ“. Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој низ примери Ви го презентираме оданочувањето со данок на добивка на ревалоризационите резерви при нивниот пренос во акумулирана добивка….

Имотот кој го вложуваат содружниците при основањето на едно друштво може да се состои од: парични и непарични влогови, при што како лица кои вложуваат, односно содружници, можат да се јават домашни и странски физички или правни лица. При пренесувањето на стварите (подвижни и недвижни) и правата кои содружниците ги вложуваат во друштвото логично се наметнува прашањето: Дали непаричниот основачки влог на содружниците се оданочува со данокот на додадена вредност ? Одговорот на наведеното прашање и на повеќе други поврзани со внесувањето на непариен влог при основање на друштво со ограничена одговорност може да го пронајдете во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Почитувани, Поради многубројни прашања во врска со член 22 од Правилник за начин на и постапка за издавање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар од 26.05.2023, Институтот Ве известува дека рокот за доставување писмено известување за усогласување се продолжува до среда 30.08.2023 година. Имено, напоменуваме дека усогласување треба да направат само физичките и правните лица кои не се согласно условите наведени во Правилникот…

Независно дали предлог измените на Законот за данок на добивка кои се во собраниска постапка на донесување ќе бидат усвоени или не во, по однос на изготвување и доставување на Извештајот за Трансферни цени за 2022 година кој треба да се достави најдоцна до 30 септември 2023 година ќе се применуваат постојните (старите) законски одредби, односно ќе биде на идентичен начин како и претходните години и нема да се применуваат овие предлог измени. На прашањата кои даночните обврзници имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември 2023 година, што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи. Воедно Ви го давеме и Правилникот за формата и содржината на Извештајот за трансферни цени и насоки на ОЕЦД за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации…

Многу често во секојдневното работење, друштвата имаат потреба од испраќање на своите вработени на едукација, специјализација, посетување на стручни курсеви и семинари чија цел е стекнување на вработените со одделни вештини и знаења, добивање на уверенија и лиценци кои се потребни во деловното работење на друштвата. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, се осврнуваме на наведената проблематика со намера да ги појасниме законските основи и даночните реперкусии во 2023 година кои можат да ги предизвикаат трошоците за образование, односно трошоците за стручно оспособување на вработените кога истите паѓаат на товар на друштвото….

Од 20.07.2023 година во примена е новиот Општ колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на РСМ“ бр.154), во кој на поинаков начин се пресметува основната плата, но, утврдени се и неколку нови права за работниците од јавниот сектор (пр: регрес за годишен одмор, поголеми износи на јубилејни награди и др.) за кои ве информираме во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе, прикажувајќи ги споредбено со решенијата од стариот ОКДЈС. Исто така Ви го даваме и интегралниот текст на Општиот колективен договор за јавниот сектор….

За стекнување на сопствени удели друштвото е потребно да формира посебни резерви од остварената добивка во тековната година или од други резерви, односно од акумулирана добивка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, сметководствениот и даночниот третман на стекнување на сопствени удели во друштво со ограничена одговорност. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва…

Во „Службен весник на РСМ“ бр.154/23 од 20.07.2023 година, објавени се неколку нови закони и тоа: Закон за дополнување на Законот за облигациони односи; Закон за измени и дополнување на Законот за извршување и Закон за измени и дополнување на Законот за финансиските друштва. Дел од решенијата во сите овие закони се во насока на заштита на граѓаните. За новините во наведените закони, ве информираме во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на повеќе. Исто така Ви ги даваме и пречистените текстови на Законот за облигационите односи, Законот за извршување и Законот за финансиски друштва во кои се вклучени и овие последни измени на законите.

Со кликнување на повеќе може да го преземете двобројот ЈУЛИ/АВГУСТ од 2023 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на стручното списание МСФИ СОВЕТНИК…

Поради климатските или природните услови и зголемените активности во определен период (земјоделски, градежни, угостителски и сл.), за голем број работодавачи, не е рационално за таков тип на работа да склучуваат договор за вработување со работник на неопределено време за извршување работи кои претежно се од сезонски карактер. За таа цел со Законот за работните односи, востановена е сезонската работа како посебен вид работа на определено време и за овој тип работа ЗРО содржи посебни одредби. Договорот за вршење сезонска работа претставува договор за вработување на определено време, за вршење сезонска работа важат одделни поинакви услови кои се определени со посебни одредби во ЗРО за кои пишуваме во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе. Исто така Ви даваме и Модел на договор за вработување за вршење сезонска работа…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.