+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



По годишната сметка за 2023 година некои компании во Република Македонија постигнаа солидни добивки по што сопствениците на тие компании имаат можност на престојните собранија на акционери кај АД или собир на содружници кај ДОО или од страна на единствениот содужник кај ДООЕЛ да донесат одлука за исплата на дивиденда која би била исплатена во 2024 година. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2024 година низ повеќе примери Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Работникот кој работи ноќе има право и на соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2024 година.

Овој Правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 4 април 2024 година, a ќе започне да се применува од 1 јануари 2025 година. По исклучок Меѓународниот стандард за финансиско известување 17 Договори за осигурување ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година.

Согласно одредбите на член 113 став 4 и 5 од Законoт за работните односи („Службен весник на РСМ“ бр.62/05…111/23), работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира исхрана за време на работа. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман на овие издатоци (од аспект на ДДВ, данок на добивка и данок на личен доход)…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата во 2024 година. Исто така ви даваме и Терк на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2024 година и Законот за практиканство…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ број 68 од 22.03.2024 година министерот за труд и социјална политика ја објави висината на минималната бруто плата која ќе изнесува 33.352 денари. Нето платата од овој износ е 22.567 денари и треба да започне да се применува почнувајќи од платата за месец март 2024 година заклучно со исплатата на платата за месец февруари 2025 година. Повеќе во врска со наведеното може да прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе. Воедно Ви ја даваме и Објавата на Министерот за труд и социјална политика за минималната плата како и Пречистен текст на Законот за минимална плата во РСМ…

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е објавен во Службен весник на РСМ број 66 од 20 март 2024 година. Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 28 март 2024 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на примената на Законот…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на законските прописи кои ја регулираат гаранцијата како и сметководствените и даночните аспекти на трошоците за извршени поправки и сервисирања во гарантен и во негарантен рок со посебен осврт на измените на Законот за ДДВ во однос на прометот на услуги кои стапија во сила од 01.01.2024 година…

Во рамките на Иницијативата Отворен Балкан договорена е соработка и во областа на слободно движење на граѓаните и слободен пристап до пазарот на трудот. Тоа значи дека граѓаните на трите земји кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан (или веќе нашле работодавач), потребно е да поседуваат ID број, кој се добива со регистрирање по електронски пат (во неколку чекори). Повеќе за наведеното може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Повеќе во врска со плаќањето на аконтациите од страна на ТП и СВД во 2024 година вклучително и на новооснованите ТП и СВД може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Друштвата кои по годишната сметка за 2023 година имаат поднесено даночен биланс – Образец ДБ и кои на полето АОП 40 – Даночна основа, имаат искажано износ со минусен предзнак (негативен износ) имаат остварено даночна загуба. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на даночната загуба за 2023 година и правото на пренос во следните 3 фискални години како право на намалување на даночната основа во ДБ за 2024, 2025 и 2026) година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.