+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 203 од 28 септември 2023 година објавени се повеќе Одлуки на Владата и тоа: Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за…

Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност беше објавен во Службен весник на РСМ број 199/2023 и влезе во сила со денот на објавувањето, односно на 25.09.2023 година. Со измените на Законот за ДДВ на одделни производи им се намали ДДВ стапката од 18% на 5%, додека на други производи како што се останати производи за човекова исхрана кои не се основни производи за човекова исхрана им се зголеми ДДВ стапката од 5% на 10% ДДВ. Во Службен весник на РСМ број 203 од 28.09.2023 година објавена е Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на РСМ”, односно од 6 Октомври 2023 година. Со кликнување подолу на преземи може да го преземете Написот во кој се осврнуваме на Новините во Законот за ДДВ а воедно Ви ја даваме за преземање и Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност….

Со измената наместо под 1 август 2023 година се пропишува дека највисоките цени на ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg и свежи јајца од кокошка се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало и истите се намалуваат најмалку за 10%.. Исто така со измената на Одлуката престанува обврската на трговците на мало да ја намалат малопродажната цена на свежото овошје и на свежиот зеленчук…

Во Службен весник на РСМ број 199 од 25 септември 2023 година објавени се следните даночни прописи: Закон за данок за солидарност, Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. МСФИ Консалтинг на КПУ обуката која ќе ја спроведе on line на 28.септември 2023 година (четврток) детално нив практични примери ќе се осврне на Законот за данок на солидарност, измените на Законот за данокот на додадена вредност и измените на Законот за данокот на добивка….

МСФИ КОНСАЛТИНГ организира еднодневнa ON LINE КПУ обукa број 3/2023-8 часа во СЕПТЕМВРИ 2023 година на:
28 Септември 2023 (четврток)
Почеток на КПУ обуката е од 10:00 часот и времетраење на КПУ обуката е од 10 часот до 16 часот
Еднодневната КПУ обука на секој посетител ќе му обезбеди 8 кпу часа

Во Службен весник на РСМ број 197 од 21 септември 2023 година објавено е Автентично толкување на Собранието на РСМ во однос на примената на членот 9 став (1) точка 7-а) од Законот за данокот на добивка („Службен весник на РСМ“ број 112/14…151/21), односно дали загубите на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа одобрени од Регулаторната комисија за енергетика во согласно со Законот за енергетика и Правилникот за начин и услови за определување регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија, се сметаат за признаени расходи за целите на данокот на добивка. Автентичното толкување интегрално Ви го даваме со кликнување на повеќе…

Согласно член 4 од Законот, обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данок на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. При утврдување на висината на приходот се исклучуваат приходите во стечајна постапка остварени од продажба на имот за намирување на доверителите. Согласно член 8 од Законот за данок на солидарност, даночниот обврзник ќе биде должен да достави до УЈП образец „ДБ-ДС – Даночен биланс за оданочување со данок за солидарност“ најдоцна до 25 септември 2023 година. Согласно член 14 од Законот даночниот обврзник ќе биде должен да го плати данокот во рок од 30 дена од истекот на рокот за поднесување на образецот „ДБ-ДС”, односно најдоцна до 25 октомври 2023 година…

Во Службен весник на РСМ број 195 од 19 септември 2023 објавена е Одлука на Владата со која се намалуваат цените на повеќе прехранбени и земјоделски производи. Со оваа Владина Одлука се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки:

Со кликнување на повеќе може да го преземете СЕПТЕМВРИСКИОТ број од 2023 година на стручното списание од областа на сметководството, даноците и финансиите МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ број 192 од 14 Септември 2023 година објавена е Одлука на Владата за Забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока. Со оваа Владина Одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет. Оваа Владина Одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен весник, односно на 14 Септември 2023 година ќе се применува до 30 ноември 2023 година….

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со условите за стекнување право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, висината и основицата за утврдување на надоместокот на плата и други прашања во врска со остварувањето на ова право, согласно Законот за работните односи и Законот за здравствено осигурување…

Давањето на заеми, односно позајмици од правно на правно лице или од правно на физичко лице и обратно е честа пракса во секојдневното деловно работење и преставува некој вид на замена на сложениот, обемен и бавен процес на обезбедување на финансии преку добивање на кредити од деловните банки. Потсетуваме дека од 2014 година се до денес (со одредени измени во 2019 година), давањето на позајмици преставува особено даночно сензитивно прашање.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.