+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РСМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република С. Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа…

Иако кон крајот на 2022 година во Собранието на РСМ на предлог на Владата беше поднесен Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка со кој се предвидуваше бришење на член 30-а од Законот за данок на добивка, односно укинување на правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на дадени донации во спортот сепак тоа законско решение се уште не е донесено. Согласно таквата состојба во месец февруари 2023 година Агенцијата за млади и спорт подели ваучери на спортски клубови, национални спортски федерации и на активни спортисти. Имајќи во предвид дека во изминатиот период добиваме повеќе прашања на оваа тема, во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на користењето на ова право…

Правото на годишен одмор е едно од основните уставно загарантирани права од работен однос, кое на работникот му припаѓа независно дали засновал работен однос на неопределено или определено време, со полно или со неполно работно време. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на користењето на годишен одмор, надомест за неискористен годишен одмор и исплата на регрес за годишен одмор во 2023 година. Воедно Ви даваме и повеќе теркови како што се: Решение за годишен одмор, Oдлука за исплата на регрес, Спогодба за исплата на регрес во помал износ и Одлука за исплата на надоместок за неискористен годишен одмор. Ви го даваме и пречистениот текст на Законот за работните односи….

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот јуни 2023 – јули 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.06.2023 година…

Во „Службен весник на РСМ, бр. 111 од 30.5.2023 година беа објавени измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплемента-ција на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на нормативниот но и на даночниот третман на прометот кој ќе настане при изградбата на овие инфраструктурни проекти. Исто така Ви ги даваме и основниот текст на Законот и измената и дополнувањето на Законот….

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално низ практични примери се осврнуваме на случаите кога домашните даночни обврзници/примателите на прометот, односно услугите, извршен од странски даночни обврзници стануваат даночни должници за цели на данокот на додадена вредност…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на случаите кога се склучуваат договори за вработување, како и на случаите кога некое лице може да биде ангажирано со склучување на посебни договори (договори за дело или авторски договори) и на нивниот сметководствен и даночен третман во 2023 година.

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец мај 2023 е позитивен и изнесува 5,4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец мај 2023 година која треба да се плати до 15 јуни 2023 година…

Последните измени и дополнувања на Законот за работните односи („Службен весник на РСМ“ бр.62/05…288/21), објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.111 од 30.05.2023 година, се однесуваат на измени на одредбите кои го уредуваат: работното време; местото и времето на исплата на платата и работењето во недела.
За овие измени и дополнувања на Законот за работните односи, Ве информираме во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Законот за работните односи во кои се вклучени и овие последни измени…

Ве потсетуваме дека во Службен весник на РСМ број 91 од 28.04.2023 година беше објавена измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која беше продолжен рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката на Владата оваа мерка се применува до 30 јуни 2023 година…

На веб страната на ИСОС (отвори) објавен е Правилник за начин на и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители. Овој Правилник е донесен од страна на Управниот одбор на ИСОС и истиот влегува во сила со денот на неговото донесување, односно на 26 05 2023 година. Согласно член 22 од Правилникот лицата кои се стекнале со статус на сметководител и овластен сметководител, како и правните лица кои се стекнале со лиценци за работа пред донесување на овој правилник, се должни да се усогласат во рок од 90 дена од донесување на овој правилник и должни се да достават писмено Известување до Архивата на Институтот (до 24.08.2023 година).

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2023 година на стручното списание од областа на сметководството, даноците и финансиите МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.