+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 78 од 11 април 2023 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало со која е изменета Одлуката која претходно беше објавена во Службен весник на РСМ број 71 од 3 април 2023 година. Со оваа најнова Одлука објавени се нови зголемени цени на одделни производи на зеленчук и овошје во трговијата на мало и на зелените пазари кое ќе се применуваат во периодот од 11 април до 30 април 2023 година. Новите цени во трговијата на мало и на зелените пазари, се презентирани во табелата дадена во продолжение:

Додатоците на плата, меѓу кои и додатокот за работа на празник и неработен ден согласно Законот за празниците на Република Македонија се дел од платата дефинирана со Законот за работните односи. Во пресрет на претстојните верски и државни празници во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на пресметката на плата до колку работникот работи за време на празник…

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец март 2023 е позитивен и изнесува 5,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец март 2023 година која треба да се плати до 15 април 2023 година…

Согласно одредбите на член 2 од Одлуката, трговците кои се регистрирани за вршење на трговска дејност имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови овошје и зеленчук, да прибавуваат и да продаваат најмалку 70% од погоре наведеното овошје и зеленчук (свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони), од количините што редовно се прибавувале и продавале во март 2023 година. Исто така трговците кои го увезуваат наведеното овошје и зеленчукот и го продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи и на зелените пазари, имаат обврска најмалку 70% од увезените количини на овошје и зеленчук да ги стават во промет на домашниот пазар…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата. Исто така ви даваме и Терк на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2023 година и Законот за практиканство…

На веб страната на Институтот на сметководители и овластени сметководители се објавени поединечни листи на комплетно ажурирани сметководители и овластени сметководители по подружници кои ќе можат да гласаат. Согласно Правилникот за начин на спроведување избори и согласно член 73 од Законот за вршење на сметководствени работи секој активен член со потполно ажурирани податоци ќе може да има право да гласа на е-изборите на ИСОС закажани за 11 април 2023 година (вторник), од 11 до 12 часот…

Законската можност на работникот за дополнително работење кај втор работодавач најмногу до 40 часа месечно ги наметнува следните прашања: Kакви се правата и обврските на работникот при заснован работен однос со дополнително работење? Каква согласност е потребно да даде првиот работодавач? Како се пресметува платата кога постои договор за дополнително работење? Кои социјални придонеси се плаќаат? Дали при пресметката на плата за работа кај втор работодавач се користи лично ослободување и во колкав износ? Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговор на претходно наведените прашања и дилеми кои се наметнуваат при вработување на работници со дополнително работење кај втор работодавач во 2023 година. Воедно Ви даваме и Изјава на согласност за дополнително работење и Пречистен текст на Законот за работните односи.

Во Службен весник на РСМ број 71 од 3 април 2023 година објавена е Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со оваа Одлука на Владата се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на следните производи: свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони…

Во Службен весник број 70 од 30 март 2023 година објавена е Одлука на Владата на РСМ за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Највисоките цени на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%. Оваа владина одлука е донесена врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија („Службен весник на РСМ“ бр.16/04…150/22) и вака определените највисоки цени ќе се применуваат до 31 мај 2023 година….

На 23.03.2023 година стапи на сила новиот Закон за младински додаток („Службен весник на РСМ“ бр.65/23), кој по својата содржина не се разликува од Законот за младински додаток („Службен весник на РСМ“ бр.18/20), кој престана да важи на 30.11.2023 година. Повеќе во однос на остварувањето на правото на младински додаток може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи. Исто така Ви го даваме и текстот на Новиот Закон за младински додаток…

Согласно член 128 од ЗРО, работниците кои работат ноќе имаат право на посебна заштита за ноќна работа, под услов барем три часа од својата редовна дневна работна обврска да работат ноќе и да одработуваат ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повевќе се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2023 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2023 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.