+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, Ве информираме за објавените обрасци од страна на УЈП и тоа: Образец БДО-ДС – Барање за даночно ослободување за донациите во спортот и Образецот ИДО-ДС – Известување за извршена донација во спортот како дел од процедурата за стекнување на правото на намалување на пресметаниот данок на добивка, а исто така Ви даваме и примери во врска со правото на намалување на данокот на добивка по ДБ за 2019 година и правото на намалување на аконтациите кои се плаќаат во текот на 2019 година за дадени донации во спортот…

Во Службен весник на РСМ, бр. 133/2019 објавен е Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица кој влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 28.6.2019 година, а започнува да се применува од 1 јули 2019 година. Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица. Со кликнување на повеќе може да го симнете Законот и Напис поврзан со враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица…

Од страна на НБРМ со Одлука број 08-21235/1 од 26 Јуни 2019 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2019 година до 30.12.2019 година. ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ врз основа на наведеното казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2019 година изнесува:
во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 12,25%
во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 10,25%.

Во Службен весник на РМ, број 124 од 18 јуни 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина кој влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник (на 26 Јуни 2019 година), а ќе започне да се применува во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на законот, односно на 24 Август 2019 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, покрај одредбите од Законот за практикантство и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработувања и услуги на пазарот на трудот за начините на спроведување на практикантството, се осврнуваме и на практичната обука согласно Законот за стручно образование и обука и практичната обука на студенти…

Во Службен весник на РМ, бр. 126 од 20.6.2019 година објавен е Правилник за начинот на спроведување на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти. Со наведениот Правилник кој е донесен од страна на Министерот за финансии и кој влегува во сила на 21 јуни 2019 година се заокружува регулативата за начинот и постапката за остварување на правото на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти, согласно член 30-а од Законот за данокот на добивка…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јуни 2019 – Јули 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.06.2019 година…

Во Службен весник на РМ, бр. 124 од 18 јуни 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, односно на 26 јуни 2019 година. Во написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на новите законски решенија…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ прашања и одговори и низ практични примери, Ве запознаваме со клучните концепти на системот на враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица – граѓани кој треба да стартува од 1 јули 2019 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈУНСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во написот кој може да го симнете со кликнивање на повеќе се осврнуваме на даночниот третман на капитални добивки од движен, недвижен имот и хартии од вредност (акции и удели) од аспект на данокот на личен доход…

Со наведените Правилници кои влегуваат во сила на 14 јуни 2019 година се уредува постапката на издавање на ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт до спортските клубови и активните спортисти…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.