+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – септември 2019 во однос на просекот за 2018 година е позитивен и изнесува 0.2%…

Под инвестициони вложувања во туѓи основни средства се сметаат вложувањата во објектот на закуподавачот извршени од страна на закупецот кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект. Во однос на даночниот и сметководствениот третман на инвестиционите вложувања во туѓи недвижности може да прочитате во написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Септември 2019 – Октомври 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.09.2019 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнување на законската можност, но и на сметководствените и даночните аспекти на исплатата на аванс на дивиденда во 2019 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи, покрај дефинирањето што претставува кривично дело и кога сторителот е кривично одговорен, ќе ги наведеме и кривичните дела од работен однос кои се предвидени во Кривичниот законик и санкциите кои се пропишани за тие кривични дела…

Со кликнување на повеќе може да го преземете СЕПТЕМВРИСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Согласно член 9 од Предлог Законот, субвенционирањето на социјалните придонеси за зголемувањето на нето платите треба да започне да се применува со исплата на платата за месец октомври 2019 година, а законското решение ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на повеќе прашања поврзани со имплементацијата на предложеното законско решение секако под услов ова законско решение во идентичен текст да биде усвоено и од страна на Собранието на Р.С. Македонија…

Од страна на Минстерството за финансии објавен е Предлог Законот за данок на моторни возила со што започната е постапка на јавна расправа. По завршувањето на јавната расправа се очекува Предлог Законот да влезе во Собраниска постапка за негово усвојување. Се очекува ова законско решение за данок на моторни возила да биде донесено од страна на Собранието и да влезе во примена од 1 ноември 2019 година…

Се предлага субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите да започне да се применува со исплата на плата за октомври 2019 година, а законското решение ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – август 2019 во однос на просекот за 2018 година е позитивен и изнесува 0.3%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец август 2019 година која треба да се плати до 15 септември 2019 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2018 година зголемена за 0.3% (АОП 44 од ДБ за 2018 година).

Со започнување на учебната година до голем број на компании во нашата земја доаѓаат барања од физички лица (родители или ученици) со кои се бара од компаниите во рамките на нивната општествена одговорност да помогнат на учениците или на студентите со исплата на школарини, односно стипендии. Често пати ваквите барања се и од самите сопственици на друштва каде истите сакаат трошоците за школарина или студирање на нивните деца да бидат на товар на друштвото. Вакви барања за покривање на трошоци до друштвата се доставуваат и за плаќање на постдипломски студии, стекнување на магистратури, докторати и слично. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на наведената проблематика…

Каков е даночниот третман на другите надоместоци кои ги добиваат менаџерите согласно менаџерскиот договор кој го имаат склучено (пример: право на платен стан или куќа за живеење, плаќање на сметки за телефон кој се користи за приватни потреби, користење на возило за приватни потреби, платено животно осигурување, платено приватно здравствено осигурување, уплата на придонеси во трет пензиски фонд, плаќање на годишни одмори и летувања и други надоместоци) ? Подетално во однос на наведеното низ конкретни примери може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на повеќе…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.