+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Министерството за финансии најавува измени на Законот за ДДВ со кои прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари и промена на периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот ќе биде намален на три години од тековните пет години. Сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминуваат новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот на ДДВ…

Министерството за финансии најавува дека примената на прогресивниот данок на личен доход се биде ставена во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти…

Управата за јавни приходи известува дека на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки…

До колку друштвото има акумулирана загуба од претходни години или оствари загуба од деловно работење по годишната сметка од тековната година и истата ја покрива со акумулирани добивки кои потекнуваат од периодот од 2009 до 2013 година тогаш овие добивки се оданочуваат со данок на добивка и друштвото е обврзани преку е-tax до УЈП да го достави Образецот ДД-ПЗ. Повеќе во однос на наведеното низ практични примери може да прочитате во Написот кој може да ги симнете со кликнување подолу на преземи.

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 Октомври 2019 година , се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2019 година.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Октомври 2019 – Ноември 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.10.2019 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ОКТОМВРИСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ, бр. 216 од 18.10.2019 година донесени се следните подзаконски акти од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на Р.М.“, број 112/14…248/18): Правилник за формата и содржината на даночниот биланс на непрофитни организации, со кој се пропишува формата и содржината на даночниот биланс на непрофитни организации и Правилник за формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка за покривање на загуба од акумулирана добивка;

Во однос на вредносните ваучери се наметнуваат следните прашања: Кога настанува даночниот долг за целите на ДДВ при продажбата на вредносните купони? Дали во моментот на продажба на вредносниот купон, трговецот или давателот на услугата е должен да пресмета ДДВ или ДДВ се пресметува во моментот на предавање на доброто или услугата во замена за купонот ? Што доколку истече периодот на важење на вредносните купони, а сопствениците на купоните не ги искористат истите. Дали приходувањето на обврските за неискористените купони подлежи на оданочување со ДДВ ? Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи, се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на вредносните купони и низ примери даваме одговори на наведените прашања…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на прашањата поврзани со почетното признавање и последователното вреднување на материјалните средства (земјиште или градежен објект) кои се стекнати со цел за нивно изнајмување и генерирање на приходи од наем, односно на правилата утврдени во МСС 40 – Вложувања во недвижности кој го применуваат средните и големите трговци и Оддел 16 од МСФИ за МСЕ кој го применуваат малите и микро трговците….

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – септември 2019 во однос на просекот за 2018 година е позитивен и изнесува 0.2%…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.